Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преостануваат уште 15 места во командните структури: Македонската армија испраќа пет офицери на работа во НАТО

0
By Sashko on December 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретна со четворица од петтемина новоизбрани офицери од Армијата на Република Северна Македонија кои во наредните четири години ќе извршуваат работни задачи во командните структури на НАТО. Заедно со уште еден офицер, кој веќе е во Измир во Турција, тие ќе бидат првата репрезентација на земјава што ќе ги пополни овие офицерски места во командната структура во НАТО.

Шекеринска информира дека во тек се конкурси за дополнителни седум НАТО позиции на различни нивоа, а планот е до 2023 година целосно да се пополнат сите 20 места, што нѝ припаѓаат во командната структура во НАТО.

Таа им посака успех и нагласи дека нема никакви дилеми дека одлично првпат ќе ја претставуваат нашата татковина во најмоќната воено-политичка Алијанса. Шекеринска потенцира дека тие поминале низ повеќе филтри, биле проверени, интервјуирани, но сето тоа било возможно заради тоа што секој од нив работел речиси 20 години во Армијата.

Сојузниците знаат дека во нас добија не само сериозен, туку и одговорен и исполнителен сојузник, кој тоа што ќе најави и ќе го вети, знае да го исполни, а го има и капацитетот и знаењето за тие функции, изјави министерката Шекеринска, додавајќи дека овие офицери ќе го потврдат таквиот впечаток, а искуството што ќе го стекнат ќе го вградуваме во нашата аермија и одбрана.

Потполковник Горан Стојановски, кој зборуваше во името на останатите одбрани офицери, изјави дека за нив тоа е огромна чест, но и одговорност.

„Сигурен сум дека ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме дадената доверба и достоинствено да го претставуваме ликот на офицерот и старешината во Армијата на Република Северна Македонија и на државата. Дополнителен предизвик ќе претставува работата во мултинационалната воена средина, каде со останатите старешини од земјите членки на НАТО ќе работиме на задачите што ни се дадени од областа на нашите работни должности. На тој начин ќе имаме и можност да ги покажеме нашите квалитети и капацитети. Не е само тоа, ќе имаме можност да се стекнеме со нови знаења и искуства, кои кога ќе се вратиме назад ќе можеме да ги пренесеме на останатите колеги и да придонесеме за подобар квалитет на армијата при решавање на идните предизвици, изјави Стојановски.

Министерката потсети и дека веќе е објавен првиот конкурс, со кој на питомците на Воената академија „Михаило Апостолски“ им се дава шанса да се школуваат сите години во најпрестижната институција „Вест Поинт“ во САД.

армија Команда Македонија НАТО офицери Радмила Шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.