Владата денеска донесе одлука со која ги задолжува сите министерства и органи на државната управа да ги разгледаат можностите за потребите на пописот и времено да ги стават своите вработени на располагање на Државниот завод за статистика.

Владата ова го препорача и на единиците на локалната самоуправа, како и на институциите под нивна надлежност.