Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Престрелка во Белград: Убиен водачот на „Гробари“

1
By Нова ТВ on October 13, 2016 СВЕТ, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 13, 2016 23:31

Едно лице загина, а едно се бори за живот во престрелката што вечерва се случи во Белград. Лицето што смртно настрада, како што пишуваат српските медиуми, е Александар Станковиќ познат под прекарот Сале Мутави кој е водач на „Гробари“, навивачка група на Партизан

ubistvo-sale-mutavi-navijaci-voda-navijaca-centralni-zatvor-uvidaj-foto-d-1476391333-1011567

 

Едно лице загина, а едно се бори за живот во престрелката што вечерва се случи во Белград. Лицето што e смртно настрада, како што пишуваат српските медиуми, е Александар Станковиќ познат под прекарот Сале Мутави кој е водач на „Гробари“, навивачка група на Партизан.

sale

Престрелката се случила во близина на Централниот затвор во Белград. Бројни полициски сили го блокираа местото на инцидентот и се трага по сторителите. Мотивите засега се непознати. Лицето што е пренесено на реанимација во Ургентниот центар, неофицијално, е еден од затворските чувари.

 

Очевидци велат дека нападот се случил со автоматско оружје. Во близина на местото на злосторството е пронајдено црно „Бе-Ем-Ве“ за кое се претпоставува дека е користено за бегство на сторителите.

Ова е второ убиство на навивач на Партизан оваа година. Во август беше застрелан Ален Костиќ (28) кој им подлегна на повредите пред семејната куќа во Железник. Пукотници имаше и во септември. Се случија во местото Жарково и тогаш, неофицијално, мета бил навивач на „црно-белите“.

Кој е Сале Мутави, страв и трепет за многу навивачи

Со завиден стаж во хулиганските води, момчето од Врачар пред пет години своето место од северната трибина на стадионот на Звезда, го замени со позицијата на врвот на југот на стадионот на Партизан.

Беше еден од многуте „нови“ ликови кои го презеде водството на јужната трибина во периодот на најголемата криза, а потоа и во време на меѓусебни судири на Југот, кога беше загубен еден млад живот на навивач.

kz2ktkpturbxy80yjqyywjjnmrjytkyzwrimzlmzdllmgrhmwzjztljny5qcgetlqlnaxqawsovas0b1gdcw5uh2tivchvsc2ntcy9nrefflzfknzrjyjqxnza1otuwndm2nji5y2fizdywnmy1mgy2lnbuzwfcaa-1

И беше познат на полицијата и на судовите, поради дрога и оружје, познат на улица, беше алфа и омега на „гробарската“ трибина. Последните години се стекна со статусот на најмоќниот навивач во Белград.

Со стравопочит се изговараше неговото име на стадионот, а беше и сослушуван после настан кој се случил во април годинава за напад заедно со уште неколку навивачи на Партизан врз обезбедувањето на директорот на клубот Милош Вазура.

Беше еден од оние поради кои беше создадено знаме на „Јаничарите“ и кое едно време ги красеше трибините на Партизан, особено во дерби средбите со Црвена звезда.

Видео од нападот на обезбедувањето на Вазура

https://youtube.com/watch?v=fzW7n8_A4qE

Александар Станковиќ Гробари Партизан Сале Мутави убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.