Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Zoran Ivanov on November 28, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на мандатот преку соопштение во кое таа го појаснува времетраењето на нејзиниот мандат. Дамева вели дека според член 8 став 2 од Законот за Судскиот совет, мандатот на претседателот трае две години. Таа посочува дека нејзиниот мандат беше прекинат од 26 април 2023 до 3 јануари 2024 година поради незаконско разрешување од функцијата.

Мандатот на претседателот на Судскиот совет е во траење од 2 години, согласно член 8 став 2 од Законот за Судскиот совет и неспорен е фактот дека истиот беше прекинат во периодот од 26.04.2023 година до 03.01.2024 година. Навистина изненадуваат толкувањата за некакво продолжување на мандатот надвор од утврдениот законски период од 2 години, при постоење на неспорен факт дека при извршување на истиот, постои прекин, стои во соопштението на Дамева објавено на веб-страната на Судски совет.

Дополнува дека јавноста има право да знае за секоја донесена одлука на Судскиот совет, но во конкретниот случај, како што наведува, ниту е донесена одлука, ниту постои основ за донесување на истата бидејќи по истекот на мандатот на претседателот на Советот како точка на дневен ред нема законски основ да се стави престанок на мандат, туку само избор на нов претседател, кое се потврдува и од досегашното работење и постапување на Советот.

Со оглед дека во два наврати беа донесени Одлуки за разрешување на претседателот на Советот, и тоа на 26.04.2023 година и на 04.05.2023 година, сметав за потребно само да се дефинира точниот датум до кога треба да ја извршувам функцијата во траење од 2 години. За правното  прашање околу времетраењето на мандатот, иако членовите на Советот имаа свој став, сепак беа консултирани и правни експерти и еминентни стручни лица од областа на правото, па само се потврди ставот на мнозинството дека мандатот треба фактички да се извршува 2 години, дополнува Дамева.

Реакцијата на Дамева следува по објавените информации на Фејсбук од пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, со кои тој тврди дека Советот донел заклучок за промена на законска норма.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.