Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот Ковачевски на средба со амбасадорот на ЕУ, Гир: Очекуваме поддршка од ЕУ, реформите интензивно ги спроведуваме

0
By НОВА ТВ Balaban on December 20, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 20, 2021 12:38
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со секретарот за меѓународна соработка на партијата, Бојан Маричиќ, утрово се сретна со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.
На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми, важни за реформите и евроинтегративниот процес на државата.
Претседателот Ковачевски се заблагодари на постојаната поддршка од Европската унија и истакна дека како новоизбран претседател на СДСМ и иден претседател на Владата пред себе има поставено неколку приоритети во работата, ефикасност на институциите, решавање на предизвиците со енергетската криза и пандемијата, реализација на економски реформи, неселективна борба против корупцијата кои ќе доведат до повисок економски стандард, и напредок на евро-интеграцискиот пат на државата.
„Во сите овие приоритети, ЕУ ја гледаме како наш партнер. Владата предводена од СДСМ останува посветена на барање заедничко прифатливо решение, согласно европските вредности. За прашањето со Бугарија, има одредени сигнали од премиерот Петков и очекувам да дојдеме до решение. Нашите граѓани сакаат и заслужуваат да живеат по вредностите на стандардите и вредностите на ЕУ, затоа ќе се посветиме на реформите кои овие вредности ги носат во нашата држава“ порача Ковачевски.
Претседателот Ковачевски истакна дека идната Влада што тој ќе ја предводи ќе биде составена од докажани, професионални и угледни личности, а работата на Владата ќе се фокусира на зелената агенда, унапредување на економскиот стандард и посветена борба против корупција.
Амбасадорот Гир упати честитки до претседателот Ковачевски за неговиот избор, додавајќи дека и тој и новата Влада ќе продолжат да имаат силен сојузник во ЕУ и дека тоа ќе се покаже на дело. Тој посочи дека Унијата ќе помогне да се дојде до заедничко прифатливо решение со Бугарија со цел Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

 

Дејвид Гир Димитар Ковачевски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.