Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024 – Седумдневен серијал интервјуа на МИА со седумтемина претседателските кандидати – акценти во избор на НОВА

0
By Marija Todorovska on April 8, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 8, 2024 18:45

Претседателски кандидат на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски смета дека земјава минува низ лоши процеси, а суштинските промени не се случуваат сами од себеси, туку мора да бидат поттикнати. Затоа тој одлучил како нов политички субјект, со неговите истомисленици да влезе во борба со цел државата да добие татко на нацијата, човек којшто ќе го обедини македонскиот народ и сите граѓани на Македонија. Тој во интервју за МИА нагласува дека  е лесно да се седи настрана и оти тој сака да придонесе за промени во општеството, бидејќи, како што вели, во моментов тоа е креирано наменски да им служи на политичките елити, кои владеат 30 години.

  • Мислам дека многу е лесно да седите од страна да ги набљудувате овие лоши процеси низ коишто поминува Македонија и едноставно решив да излезам од комфорната зона и директно да се вклучам во борбата. Суштинските промени во државата не се случуваат сами од себеси, туку мора да ги поттикнете. Направивме сондажи и анализи и влеговме како нов политички субјект, заедно јас со сите тие мои истомисленици во оваа борба да дојдеме до состојба Македонија да добие татко на нацијата.

Меѓу неговите заложби во делот на одбраната е зголемување на буџетот на Армијата со цел таа да биде подготвена, како што вели, да се справи со непријателите и внатрешните и тие од надвор. Државата вели се брани со народ, па затоа, доколку ја добие довербата од гласачите, во својство на Врховен командант, ќе се заложи за законска обврска со која секој граѓанин особено младите, машката популација да помине предвојничка обука.

  • Црвени линии од кои нема отстапување кога е во прашање стратешкиот приоритет членството во ЕУ, вели се зачувување на достоинството на народот и консолидација преку градење национално единство и консензус за виталните национални интереси.

Според него, во континуитет албанските политички субјекти се обидуваат да наметнат теза за мултиетничка држава, а всушност создаваат еден феномен кој што се вика биетничко општество.

  • Македонија не е општество на Македонците и Албанците и останатите, туку е општество на сите нејзини граѓани вклучувајќи го македонскиот народ и сите етнички заедници Албанците, Србите, Турците, Ромите, Власите, Бошњаците, Црногорците и сите оние коишто се во графата „други“ бидејќи се подеднакво граѓани. Сметам дека треба да се дадат еднакви права и еднакви можности на сите етнички заедници, а особено во делот на културната независност на сите тие етнички заедници.

Во однос на францускиот предлог, и уставните измени, Димитриевски смета дека тие се можни на база на реципроцитет и да се спроведат од моментот на стапување во полноправно ЕУ членство, заради самозаштита од нови, дополнителни барања од Софија.

  • Македонија треба да ги прифати сите во својот Устав на база на реципроцитет, но дополнително истите уставни измени да се спроведат во целост од моментот кога Македонија ќе биде полноправна членка на Европската унија, вели, меѓу другото, претседателкиот канддат Максим Димитриевски во интервјуто за Медиумската информативна агенција.
ЕУ избори интервју Максим Димитриевски МИА претседателски кандидати Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.