Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Превозниците на протест со барање: Прогресивен данок наместо зголемена акциза на горивата

0
By Нова ТВ on April 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 28, 2020 10:15

Асоцијацијата на здруженија на работодавачи на превозните трговски друштва во државава „Макам-транс“ за денеска напладне најави протест со барање за укинување на Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности.

Според „Макам-транс“, протестот ќе биде согласно со сите мерки за безбедност што се препорачани со оглед на состојбата со ковид-19 поради што и се намали обемот на работа и во патничкиот и во товарниот превоз.

Секој од учесниците во протестот, според најавата, ќе биде изолиран во возилото (влекач, пикап, автобус, патничко возило и сл.). Како што најавија, нема да прават какви било блокади, ниту пак ќе има собирање на маса на луѓе. Колоната од возила ќе се движи по определена маршута. Почетната точка е кај клучката Хиподром на влез во Скопје, а пред зградите на Владата и на Собранието ќе забават со движење и ќе ги вклучат сирените за да испратат порака. Нивното движење ќе биде по една коловозна лента и со тоа нема да предизвикаат застој во сообраќајот низ улиците во главниот град.

„Макам-транс“ предлага 0,5 проценти данок на доход за сите правни субјекти кои лани имале добивка од 100.000 до 10.000.000 милиони денари, еден процент данок на доход за тие со добивка од 10.000.001 милиони денари до 200.000.000 милиони денари и два проценти данок на доход за сите кои оствариле добивка над 200.000.001 милиони денари за 2019 година.

„Со оваа мерка подеднакво ќе се опфатат сите правни субјекти во државата, а особено и големите стопански субјекти, банките, осигурителните компании, телекомуникациите и сите мали, средни и микро фирми, како и невладиниот сектор каде се вбројуваат и сите асоцијации, СИЗ, Стопански комори и други здруженија на граѓани. Со тоа навистина ќе имаме солидарност и секој ќе даде својот придонес според големината и постигнатите финансиски резултати во претходната година. За разлика од оваа мерка, со зголемената акциза товарот во првите 2-3 месеци ќе биде само на превозниците, дистрибутери во внатрешниот превоз, граѓани и мал број други правни субјекти кои работат, а до крајот на годината сите“, велат од „Макам-транс“.

Намалената цена на погонското гориво, дополнуваат, е единствената мерка која ја имаат превозниците, а за која не треба дополнително да се задолжуваат и да ги враќаат земените средства согласно мерките кои ги спроведува Владата.

Останатите мерки кои ги бараат се поврзани со намалување на трошоците, регистрација на возен парк, враќање на ДДВ, компензации со поврат на патна такса и новите обврски за регистрација на возилата. Потоа одложување без камата на надоместоци за автоодговорност и зелен картон за минимум шест месеци, враќање на дел од акцизата по принципот на ДДВ, со можност за реципрочно враќање на и од другите држави и воспоставување на реципроцитет за враќање на ДДВ од сите држави.

Бараат и подобрување на законската материја која го регулира превозот со заштитни елементи на лиценцирани превозници, како и ревидирање на Уредбата за распределба на меѓународни дозволи (распределба на ЕКМТ дозволи), која со измените од 2018 година, тврдат, продуцира нефер и нетранспарентна распределба на сите меѓународни дозволи.

Од СИЗ „Македонија сообраќај АМЕРИТ“ кои обединуваат товарни и патнички превозници, пак, соопштија дека „80 проценти од 1.000 транспортни фирми што ги контактирале во изминатиот период рекле дека нема да поддржат протест затоа што сметаат дека тоа нема да помогне за излез од економската криза поради коронавирусот“. Сепак, потенцираа од таму, ова повлекува барање за подетално образложение на ефектите од оваа мерка во јавноста, на транспарентен начин, но и гаранции за намената на собраните средства и нивна распределба онаму каде што е потребно, не изоставувајќи го товарниот транспорт, но и патничкиот превоз, кој бележи пад за 100 отсто од почетокот на пандемијата.

„Во состојба со која се соочуваме за првпат, треба да бидеме општествено одговорни. Да помогнеме каде што можеме и да бараме помош кога ни треба. Со оглед на загубите кои ги трпи и ќе ги трпи секторот, Владата би можела да придонесе со поопширни и поконкретни мерки на дневна основа, следејќи го текот на настаните. Очекуваме Владата да донесе нов сет на мерки со кои би се ставил мораториум на кредитите на транспортните фирми додека трае вонредната состојба, укинување на субвенциите за авионскиот превоз и железничкиот превоз и, конечно, да се реши проблемот со дивите превозници, а со тоа и ќе се зголемат средствата во буџетот“, наведоа од АМЕРИТ.

Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, зголемувањето на акцизата на горивата е антикризна мерка, а не мерка за да им се направи товар на граѓаните. Тој истакна дека горивата се поевтини за 20 денари во споредба со последните месеци од минатата година и почетокот на оваа и додаде дека сите чинители во државата мора да покажат солидарност.

„Нема никакво калкулантство, нема политиканство. Внесувањето на акцизата е исклучително за помаѓање на граѓаните на нашата држава“, рече Сугарески.
„Макам-транс“ акциза Горива Превозници Прогресивен данок протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.