Енис Барди учествуваше со асистенција во убедливата и важна победа на Леванте над Бетис со 4:0 за опстанок во Примера. Македонскиот репрезентативец беше стартер и одигра цел меч за домашните кои постигнаа по два гола во полувреме и на крајот заслужено прокнижија големи три бода за бегство од опасната зона на табелата.
Хозе Кампања во деветтата минута и во 32. минута обезбеди комотно водство за Леванте до паузата што во продолжение беше удвоено со погодоците на Моралес од пенал во 56. минута и на Коке во 81. минута кој беше „послужен“ од Барди.
Леванте моментно е 14. тим на табелата во шпанска Примера со 37 бода, три повеќе од местото што води во Сегунда и моментно го држи Џирона на која ќе ` гостува во претпоследното коло. Нареден ривал на екипата од Валенсија ќе биде Барселона на „Камп Ноу“, а до крај на сезоната ќе игра на домашен терен против Рајо Валјекано и против Атлетико Мадрид.
Примера, 34 коло
Леванте – Бетис 4:0
Легањес – Атлетик Билбао 0:1
Еспањол – Селта 1:1
Атлетико Мадрид – Валенсија 3:2
Алавес – Барселона 0:2
Валјадолид – Џирона 1:0
Уеска – Еибар 2:0
Севилја – Рајо Валјекано (четврток, 19 ч.)
Реал Сосиедад – Вилјареал (четврток, 20.30 ч.)
Хетафе – Реал Мадрид (четврток, 21.30 ч.)
Табела: Барселона 80, Атлетико Мадрид 71, Реал Мадрид 64 (-1), Хетафе 54 (-1), Валенсија 52, Севилја 52 (-1), Атлетик Билбао 49, Алавес 46, Еспањол 43, Бетис 43, Реал Сосиедад 41 (-1), Легањес 41, Еибар 40, Леванте 37, Селта 36, Вилјареал 36 (-1), Валјадолид 35, Џирона 34, Уеска 29, Рајо Валјекано 28 (-1).