Квалификации СП: Енис Барди се враќа во репрезентацијата, Ваљон Етеми ново име

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски објави список со 24 фудбалери за претстојните дуели против Ерменија и Исланд во квалификациите за Светското првенство во Катар...

Ангеловски: Барди излегува од изолација, против Казахстан со поразличен тим

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски ќе изведе комбиниран состав за утрешниот пријателски натпревар против Казахстан во Скопје, последен пред заминување за Букурешт на...

На македонски погон: Барди го задржа Леванте во Примера (Видео)

Клубот од предградието на Валенсија го обезбеди опстанокот на коло до крај на шпанското фудбалско првенство по денешниот гостински триумф над Џирона со 2:1. И тоа на крилја на македонскиот репрезентативец кој ги одигра сите 90 минути и негово дело беше победоносниот во 86. минута по асистенција на Хозе Кампања

Примера: Леванте го „разнесе“ Бетис, асистенција на Барди (Видео)

Македонскиот репрезентативец беше стартер и одигра цел меч за домашните кои постигнаа по два гола во полувреме и на крајот заслужено прокнижија големи три бода за бегство од опасната зона на табелата

Нов македонски проектил во Примера: Барди го тресна и Леганес (Видео)

Вечерашниот гол беше седми на македонскиот репрезентативец во дебитантската сезона во Примера. Претходно постигна два на „Сан Мамеш“ против Атлетик и по еден во дуелите со Еибар, со Реал Сосиедад, со Валенсија и со Депортиво ла Коруња

Ремек дело на Пандев со Верона, Барди кобен за Атлетик (Видео)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија го лобуваше противничкиот голман од 17-18 метри за потврда на победата на Џенова со 3:1 во последниот меч од 34. коло во Серија А, играчот за врска на Леванте со два слободни удара ги замолкна трибините на „Сан Мамеш“ за триумф на тимот од предградието на Валенсија што многу веројатно значи и опстанок во Примера

Леванте без пораз во Примера: Еврогол на Барди против Сосиедад (Видео)

Македонскиот репрезентативец беше стартер и ги одигра сите 90 минути против ривалот на Вардар во групата Л во УЕФА Европа лигата. Во листата се запиша во 89 минута на начин типичен за него, од слободен удар што го изведе беспрекорно за потврда на трите бода на екипата од Валенсија

Ново добро издание за Леванте: Барди со гол и асистенција против Кадиз

Македонскиот репрезентативец за првпат беше во почетниот состав на екипата од Валенсија и возврати на најдобар можен начин. Му додаде на Хозе Кампана во 16 минута за водство со 1:0 и реализира во 55 минута за 2:0