Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Принуда, кооптирање и субверзија како алатки на Русија за влијание на Западен Балкан

0
By Нова ТВ on December 23, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 23, 2019 21:07

Неспорно, Русија користи многу различни инструменти за да ги наметне своите интереси. Тие вклучуваат тврда воена сила, како што се покажа во интервенциите во Грузија, Украина и Сирија; манипулирање со економски врски; мешање во домашната политика на други држави преку различни сојузници, партнери и повереници; и целни информативни кампањи за влијаење врз јавното мислење.

Алатките на Русија вклучуваат принуда, кооптирање и субверзија. Принудата се однесува на примена на казни, како што се воена сила, економски санкции или закана за истите, со цел да се обликува мислењето на другите држави. Кооптирањето функционира преку вклучување на политички и бизнис елити и поединци на стратешки позиции во иницијативи со цел креирање односи на зависност, кои за возврат ѝ даваат предност на Русија. Последно, субверзијата е насочена кон општеството во целина наместо кон поединечни актери со цел да се поткопаат противниците наместо да се придобие наклонетоста на друга страна.

Принуда

По правило, принудата преку тврда моќ е од помала важност за Западен Балкан во споредба со другите региони изложени на Русија. Русија нема трупи во поранешна Југославија, но нејзината војска има влијание во поширокиот регион на Југоисточна Европа, особено државите од крајбрежјето на Црното Море како што се Романија, Бугарија и Турција, кои повеќе од една деценија се соочуваат со јакнењето на руските сили и капацитети.

Истовремено, меката принуда која се граничи со попречување и мешање во домашните работи е далеку од ретка појава. Добар пример е поддршката која Русија ја дава на националистичките активисти во про-ЕУ и НАТО земјите како што се Црна Гора и Северна Македонија. Мирна политичка акција (протести против владата) може да се прелие во насилство. Други примери на мека принуда кои се практикуваат во пост-советскиот регион и на Балканот вклучуваат ембарга и сајбер напади. Црна Гора, некогаш најдобар пријател на Русија во поранешна Југославија, стана мета во последниот круг пред да влезе во НАТО во 2015-17 година.

Вклучувајќи ја Подгорица во своите контра-санкции во 2014 година како казна за тоа што Црна Гора ги поддржа западните санкции, Русија наметна забрана за посета на премиерот Мило Ѓукановиќ (сега претседател) и лидерството на владејачката Демократска партија на социјалисти (ДПС) и го ограничи увозот на локалните вина. Руските функционери советуваа против патување во Црна Гора, но, сепак, не ги реализираа заканите за укинување на безвизниот режим.

Кооптирање

Кооптирањето е омилениот инструмент на Русија во Западен Балкан. Москва изгради партнерства и сојузи со локални моќници во Србија и Република Српска во Босна и Херцеговина. Причините зад одлуката за соработка со руската држава, или со нејзините повереници и поддоговарачи се различни. Некои добиваат директна парична корист во форма на рента, други добиваат предност во однос на менаџирањето на внатрешниот баланс на моќ на регионално или домашно ниво. Така, Србија се приклучи кон Русија за да добие предност во однос на косовското прашање, но и бидејќи многу влади претходно сакале да остварат корист од инвестициите и деловните врски, несомнено вклучувајќи корупција и мито.

Русија исто така се покажа како незаменлив сојузник на Милорад Додиќ во неговиот обид да ја зајакне контролата врз Република Српска и да се спротивстави на притисокот од Западот, од главните бошњачки партии кои се залагаат за поголема централизација на Босна и Херцеговина, и од опозицијата во ентитетот со српско мнозинство.

Субверзија

Субверзијата, која генерално се врши прикриено, често се нарекува „хибридна“ или „политичка војна“. Овој термин е предмет на опсежна дебата на многу академици и експерти. Не постои договор, на пример, дали хибридната акција е чекор поблиску до директна употреба на воена акција („кинетичка акција“) или тактика која може да се спроведе паралелно или самостојно без нужно да се достигне прагот на отворена воена агресија.

Пример за субверзија се тактики како што се кампањи за (дез)информации и отворена или скриена поддршка за радикалните анти-западни актери (партии и граѓански организации). Во Западен Балкан, најдобар пример се напорите да се блокира пристапот во НАТО на Црна Гора (во 2015-2016) и Северна Македонија (во 2017-2018). Во обата случаја, Москва разгоруваше внатрешни кризи за да го спречи проширувањето на НАТО.

Една придобивка од субверзијата е тоа што не чини многу. Русија нема долгорочен план за Балканот, освен да го опструира Западот, и не е подготвена да си ги троши оскудните економски и воени ресурси и да презема ризици, како што е директна конфронтација со НАТО. Она што за возврат е подготвена да го направи е да ги искористува слабостите и слепите точки во западната политика за да го утврди својот еднаков статус и по можност да генерира предност која може да се искористи како стратешки адут во преговорите со САД и Европа.

Друга придобивка од субверзијата, како и од кооптирањето, е тоа што таа подлежи на аутсорсинг. Всушност, руското влијание функционира и преку формални и преку неформални канали. Државните институции како што се руското Министерство за надворешни работи, се последната капка која ја прелива чашата. Повеќе други играчи, во државата и надвор, се исто така вклучени.

Во случајот со Црна Гора, на пример, постои причина да се верува дека главната надлежна институција била руската воена разузнавачка служба (ГРУ) под водство на Никола Патрушев, секретар на рускиот Совет за безбедност и поранешен шеф на Федералната безбедносна служба (ФСБ). Обединета Русија, владејачката политичка партија, е исто така активна во негувањето на врските со сестринските партии на Балканот, како што се потписничките на декларацијата против проширувањето на НАТО од 2016 година.

Приватните актери играат подеднакво важна улога. Ставот дека Русија е заклучена во „политичка војна“ служи како оправдување за државата, повремено, да мобилизира средства и играчи условно надвор од јавната сфера. Тие вклучуваат влијателни руски бизнисмени (на пример „православниот олигарх“ Константин Малофеев или Иван Савидис во Грција и Сергеј Самсоненко во Северна Македонија), кои се зависни, на овој или оној начин, од протекционизмот на моќни фигури во рамките на државната олигархија. Од перспектива на Кремљ и руската држава пошироко, аутсорсингот на влијание на Балканот на недржавни, или подобро, парадржавни актери е корисно бидејќи овозможува „уверливо одрекување“.

„На крај од денот, Русија ја должи својата популарност на фактот што одредени балкански политичари и бизнис елити избрале да го напумпаат имиџот на Русија и, кога е соодветно, да го оцрнуваат Западот.

Извор: Ф2Н2

Алатки влијание Западен Балкан Кооптирање Принуда Русија Субверзија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.