Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, вчеравечер врз основа на судска наредба, го привеле О.А.(27) од с.Грчец, општина Сарај, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од три и пол години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, соопштија од МВР.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, додаваат од МВР.