На 08.11.2021 во 21.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.Н.(18), В.А.(20), М.Н.(19) и двајца малолетници, сите од Прилеп, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат пооднесени соодветни пријави.