Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Привршуваат подготовките за меѓународниот Економски форум во Скопје

0
By Mirjana on July 28, 2021 ЕКОНОМИЈА
Photo: B2match
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 28, 2021 11:29

Кабинетот на премиерот Заев во координација со кабинетите на српскиот претседател Вучиќ и албанскиот премиер Рама а во соработка со стопанските комори од регионот ги завршуваат последните подготовки за економскиот форум во Скопје кој е од исклучително значење за регионот. Претходниците на кабинетите на високите гости се веќе присутни во Скопје и помагаат во организацијата на овој значаен настан. Инаку повеќе од 300 компании ќе бидат присутни но и претставници од меѓународните институции кои пројавија голем интерес за настаните кои се дел од овој форум.

На настанот ќе биде објавено и новото име на регионалната иницијатива која досега беше неформално нарекувана како “мал шенген”. На форумот ќе се потпишат два меморандума за разбирање и еден меѓудржавен договор кој во огромна мера ќе го олесни животот на граѓаните од Западен Балкан и на бизнис заедницата. Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан и Меморандумот за разбирање за олеснување на увоз, извоз и движење на стоки во Западен Балкан произлегуваат од иницијативата за напредна регионална економска соработка меѓу Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија. Во таа смисла, двата предметни документи претставуваат операционализирање на иницијативата за подобрување на условите во однос на размената на стоки и услуги, како и на иницијативата за соработка меѓу државите во однос на зашита и спасување од катастрофи. Меморандумот за разбирање за олеснување на увоз, извоз и движење на стоки во Западен Балкан се темели на подготвеноста на политичките водства на трите држави за зајакнување на меѓусебните односи и разбирање, особено во областите на увозот, извозот и движењето на стоки, со цел отстранување на пречките во меѓусебната прекугранична трговија, придонес за напредок на економската соработка и за зголемување на обемот на меѓусебна трговска размена. Во содржинска смисла, Меморандумот содржи одредби за: поедноставување на формалностите поврзани со увоз, извоз и движење/транзит на стоки; соработката на царинските и другите надлежни органи; како и посебни одредби за безбедноста на храната, ветеринарни и фитосанитарни прашања; и слободното движење на индустриски непрехрамбени производи.

Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан претставува операционализација на изразената спремност на лидерите на трите држави негови потписнички (Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија) за меѓусебна соработка во спречување и ублажување на последиците од катастрофи. Со него договорните страни ја регулираат рамката на условите за доброволно давање на помош во случај на катастрофи: планирање и спроведување на мерки за заштита од природни непогоди и несреќи од поплави, земјотреси, пожари, загадување на животната средина, несреќи на пловни објекти, радиолошки опасности, пандемии, како и индустриски и други катастрофи; взаемно известување за заканите, настанувањето и последиците од катастрофи; едукација и обука на персоналот на службите, единиците за заштита и спасување и друите членови на спасувачките тимови; размена на научни и технички податоци и други документи релевантни за заштита од катастрофи; и соработка во развој и производство на опрема за спасување и обезбедување помош. Договорот исто така предвидува и: обврска за известување за закани; процедури за поминување на границата за целите на спасување и давање помош; заштита и поддршка на работата на спасувачките тимови и индивидуални експерти; начин на надоместување на штети; начин на обезбедување грижа и помош на евакуирани лица и користење на средства за комуникација.

Третиот меморандум е особено значаен за движењето на пазарот на трудот во регионот со него договорните страни ја изразуваат својата волја да го олеснат движењето на луѓето со цел да обезбедат полесен и послободен пристап до пазарот на трудот со цел отстранување на работни дозволи и поедноставување на постапките во врска со дозволата за привремен престој. Ова е потврда на заложбата за спроведување на правото на ЕУ во областа на слободно движење на работниците и подготвување за поблиска интеграција на единствениот пазар на ЕУ. Лидерите се во постојана комуникација и развиваат идеи, концепти и планови за нови трилатерални економски иницијативи и инвестиции кои ќе значат нови вработувања, директни бенефиции за народите и нови олеснувања на протокот на луѓе, стоки и услуги, велат од Владата.

економски Скопје форум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.