Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Признание за Спасовски за посебен придонес и поддршка од Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна од 1941 – 1945

0
By Ана Василевска on October 10, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 10, 2023 11:20

На министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска му беше врачена плакета од претседателот на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна од 1941 – 1945, д-р Никола Стојановски, за посебен придонес и поддршка во остварувањето на целите и задачите на Сојузот на борците.

Изразувајќи огромна благодарност, соопштија од МВР, министерот Спасовски истакнал дека  добиеното признание во предвечерјето на големиот празник, 11 Октомври, Денот на македонското народно востание претставува голема чест за него и е потврда на вредностите со кои е задоен и му се оставени во аманет за почитување, поддршка и негување на заложбите на Сојузот на борците од НОБ.

Од страна на претседателот на Сојузот на борците било посочено дека Македонија треба да оди напред и треба да се направи се што треба за државата побргу да биде примена таму каде што сите очекуваме, а тоа е Европска унија.

– Секое Ваше обраќање е инспирација и мотивација, затоа што ако Вие мислите далекусежно со визија и мотивација, тогаш ние немаме право поинаку да мислиме, туку да се бориме сите заедно за тоа што го посакуваме, истакнал министерот за внатрешни работи Спасовски.

Претседателот на Сојузот д-р Стојановски и министерот Спасовски потпишале Меморандум за соработка, како потврда на заедничките заложби и интереси за унапредување на соработката во областа на планирањето, организирањето и реализацијата на позначајни настани, како и одбележувања на јубилеи од заеднички интерес.

Како што се наведува во соопштението од МВР, Меморандумот е плод на потребата за посуштинска заедничка соработка чиј главен фокус е зајакнување на истата за работи од заеднички интерес базирани на продолжување  на достојното негување и почитување на историските придобивки на државата.

– Глобалните предизвици, пред кои сме исправени, налагаат оправдана потреба за постојано анализирање и согледување на правците на општествено движење, како и континуирана соработка и дискусија на сите општествени чинители во државата за тенденциите на институционалниот развој, за перспективите што постојат, а за кои е потребно повторно обединување и заедништво кон стремежот да бидеме онаму каде природно припаѓаме – дел од европското семејство. Токму искуствата, заложбите и идеите на Сојузот на борците, како основоположник на македонската држава, кој се залага државата да ја види во Европската Унија, претставуваат круцијални патокази за влогот кој треба да го дадеме – посветено и државнички – за да стане европскиот сон наша реалност час поскоро, потенцирал министерот Спасовски, надополнувајќи дека согласно овој Меморандум ќе се формализира меѓусебната соработка и ќе се интензивираат заедничките средби согласно актуелната состојба.

Од страна на претседателот на Сојузот, д-р Стојановски, било посочено дека на овој начин ќе се официјализира соработката меѓу Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна од 1941 – 1945 и МВР која и досега беше активна.

– Потпишувањето на Меморандумот овозможува официјализирање и  поедноставување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, имајќи ја предвид меѓународната политичка состојба, како и внатрешната општествено-политичка и економска ситуација во која се наоѓа Република Северна Македонија, во насока кон достоинствено почитување на историјата со целокупните придобивки од неа што ги поседува државата, истакнал Стојановски.

Спасовски изразил уверување дека овој Меморандум ќе придонесе за уште подинамична меѓусебна соработка, доследно почитување на вредностите кои борците од Народноослободителната и антифашистичка војна од 1941 – 1945 ги поставија, а со тоа и ефикасно спроведување на зацртаните заеднички цели.

доби плакета Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.