Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Признанија за 11 просветни работници за придонес и особени залагања во воспитно образовната работа

0
By Sashko on October 4, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Единаесет просветни работници се добитници на признанија за континуиран придонес и особени залагања во воспитно-образовната работа што ги додели Сојузот на просветни работници на Северна Македонија заедно со Министерството за образование и наука (МОН).

Лидија Николовска Георгиевска од Сојузот на просветни работници на Северна Македонија, на денешниот настан, информира дека и оваа година по повод Светскиот ден на учителот – 5-ти октомври, во летниот период распишале конкурс за просветни работници од сите нивоа на образование.

– На 19-ти септември оваа година, Комисијата за доделување на награди и признанија и пофалници во рамки на сојузот, додели признанија на 11 просветни работници во РСМ од различни нивоа на образование. Од предучилишно, во категорија воспитувачи додели две признанија, во категорија основно образование предметна настава – две признанија, во категорија одделенска настава во основно образование две добитнички, во категорија средно образование имаме едно признание и во категорија на стручна служба – две признанија, едно од основно предучилишно воспитување и образование и од средните училишта. Вкупно девет добитници на признанието просветен работник на годината за учебната 2020-2021 година, информираше Георгиевска.

Дополни дека првпат оваа година, сојузот додели две посебни признанија земајќи ја предвид состојбата во која се наоѓавме, предизвикана од пандемијата ковид-19 и постигнатите резултати што беа регистрирани според правилникот за доделување на награди, признанија и пофалници.

Стојан Манолев, професор во Средно општинско училиште „Гоце Делчев“ во Валандово, кој е еден од добитниците на наградата, во име на сите наградени се заблагодари и кажа дека овој настан е мотив и поттик за сите наставници со свој труд и ангажман да вложат за идните млади генерации.

Им благодарам на претседателството на Сојузот на просветни работници што во сите нас денес наградените видоа добри практики, квалитетна, ефикасна и ефективна настава што треба да биде исто така мотив и поттик за другите наставници да дадат се од себе за успешни едуцирани млади генерации, изјави Манолев.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, изрази чест и задоволство што имаше можност да ги додели признанијата за посебни достигнувања на наставниците. Како што кажа, ова не беше обична учебна година, беше полна со предизвици и овие наставници навистина успеаја да се справат со сите тие предизвици, но, од друга страна, успеаја да покажат мотивираност за пренос на своите знаења и своите искуства кон другите колеги кои што можеби имаа помалку можности да се стекнат со тие вештини за полесно да се справат со минатата учебна година.

Сметам дека наставникот е центар на нашето општество и тоа го покажа пандемијата, затоа што сите ние заедно увидовме што значи да се соочуваме со предизвикот да бидеме заменски наставници на своите деца дома, видовме колку работата на наставникот не само што е значајна, туку и самата таа е тешка и со многу предизвици, изјави министерката Царовска.

Дополни дека смета оти сите заедно, наставниците, професорите, Сојузот на просветни работници, во континуитет треба да вложуваме во квалитетна настава, треба да се грижиме да создадеме образование што ќе ги подготви нашите деца за да работат и да заживеат во втората половина од 21 век. Тоа, порача Царовска, значи задолжително да внесеме дигитализација во образовниот процес, да ги научиме учениците да учат во училиште и навистина критички да размислуваат за секое прашање кое што се става на тема на дискусија.

Македонија Мила Царовска МОН наставници признанија професори Сојуз на просветни работници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.