Талески по вчерашниот распит во СЈО: Општина Битола работи законски, се е транспарентно и ние ќе го потврдиме и ќе го докажеме тоа
Талески по вчерашниот распит во СЈО: Општина Битола работи законски, се е транспарентно и ние ќе го потврдиме и ќе го докажеме тоа

По барањe на Специјалното обвинителство, битолскиот градоначалник Владимир Талески осомничен во случајот „Транспортер” останува во притвор уште дополнителни 30 дена, соопшти Кривичниот суд.

-Надзорот над мерката куќен притвор ја спроведува МВР на РМ, СВР Битола, а доколку осомничениот не се придржува кон мерката куќен притвор против истиот ќе се определи мерка притвор, се вели во соопштението од Судот.

Битолскиот градоначалник и уште 22 лица  се осомничени дека го злоупотребиле Буџетот на Република Македонија за 360 илјади евра поради незаконско организирање на училишниот транспорт, со што според СЈО, Битола го плаќала најскапиот превоз во светот.

-Општина Битола преку градоначалникот го плаќала превозот на ученици на сите возможни начини, со цел да го оштети буџетот на Македонија, а во корист на локалните правни лица кои вршеле превоз. Локалната самоуправа на Битола преку градоначалникот превозот на учениците го плаќала и на правните лица за организиран превоз на ученици, меѓутоа и на транспортните претпријатија кои биле носители на општинскиот линиски превоз за потребите на сите граѓани на општина Битола, односно го плаќала два пати, рече обвинителката Фетаи презентирајќи го предметот во април годинава.

Талески вчера за првпат се појави на распит во СЈО каде беше задржан два и пол часа, по што изјави дека случајот што се води против него е наметната политичка хајка врз основа на само еден снимен разговор.

Случајот со превозот на учениците, беше споменат и во 19. „бомба“ на опозицијата, во која министерот за финансии Зоран Ставрески во разговор со екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска, споменува дека битолскиот градоначалник за превоз на учениците склучил договор „коруптивен до даска“ со цени десет пати повисоки од предвиденото.