Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжение на судењето за Диво насеље

19
By Нова ТВ on April 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судскиот процес за случајот „Диво Насеље“, во кој 29 лица се обвинети за тероризам.

Обвинителството повика околу 40 заштитени сведоци, а се очекува дека голем број сведоци ќе има и одбраната.

Судскиот процес кој го води судјката Верка Петковска, започна на 9 февруари во Основниот суд Скопје 1. Обвиненитето товари 29 лица дел од таканаречената Кумановска група за тероризам и терористича организација за настаните поврзани со случувањата од 9 и 10 мај во Дива Населба во Куманово.

Кривичниот суд во декември лани одржа јавна седница за оценка на обвинителниот акт на која обвинителството и одбраната ги изнесоа своите аргументи во однос на обвинението.

Јавниот обвинител од Обвинителството за организиран криминал, Наум Пановски, презентирајќи го обвинението наведе дека по нападот на караулата Гошинце од 21 април 2015 година полицијата започнала обемна истрага и претреси кои се однесувале на лицата за кои постоело основано сомнение дека учествувале во нападот.

– На 9 мај припадниците на Единицата за специјални задачи постапувале по судска наредба за вршење на претрес во врска со сомнение за кривично дело тероризам, а во врска со нападот на караулата Гошинце. Приближувајќи се кон објектот, врз Единицата за специјални задачи била фрлена рачна бомба, при што биле поврдени дел од пoлицајците. Потоа групата продолжила да пука со автоматско оружје и снајпери, а борбите траеле цела вечер и другиот ден. Следниот ден вечерта групата била приведена, притоа 18 од нив носеле униформи на УЧК, образлоши обвинителот.

Сите 29 обвинети за кумановските случувања, пак, рекоа дека не се чувствуваат виновни. Според одбраната, која не негира дека имало вооружена група, предметот треба да се предаде на Специјалното обвинителство, бидејќи мотивот, како што велат, не е тероризам, а обвинетите се жртви на друго сценарио.

Во дводневната престрелка во кумановската населба Диво насеље загинаа осум припадници на македонската полиција и десет припадници на вооружената група. Според официјалните информации, меѓу загинатите се и Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, кои исто така наводно биле едни од водачите на групата.

Диво насеље судење тероризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.