Во близина на главниот плоштад во Алмати, најголемиот град во Казахстан, се слушнаа експлозија и пукотници, јавуваат дописниците на западни новински агенции од местото на настанот. Според очевидци, забележани се воени возила што движат кон плоштадот.
Истрели се слушнаа од насока на канцеларијата на градоначалникот, во која вчера околу 17:30 часот по локално време (1130 GMT) упаднаа демонстранти.
Десетици илјади луѓе се излезени на улиците во градови во Казахстан во изминатите денови во најголемите протести што земјата ги видела од стекнувањето независност од Советскиот Сојуз пред три децении. Протестите почнаа поради, речиси, двојно зголемување на цените за гориво за возила.