Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

0
By Zoran Ivanov on May 26, 2026 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 26, 2026 09:39

Русија продолжува со масовните воздушни напади врз Украина, додека украинските власти предупредуваат дека Кремљ се обидува да ги компензира неуспесите на фронтот преку терор врз цивилното население и критичната инфраструктура. Во текот на изминатите 48 часа, Кијив и други украински градови беа цел на напади, меѓу најголемите комбинирани напади од почетокот на годината, со стотици дронови и десетици ракети.

Според украинските воздухопловни сили, Русија во нападите лансирала околу 600 дронови и 90 ракети, вклучително и балистички и хиперсонични системи. Главна цел повторно бил Кијив, каде што се регистрирани десетици погодени локации, оштетени станбени згради, училишта, пазари, инфраструктурни и културни објекти.

Украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир, на платформата X објави:

„Дејствата на рф не се ништо друго освен обид да ги компензира неуспесите на фронтот со терор врз мирните градови. По вчерашниот напад Украина иницираше итни меѓународни механизми за реакција. Само решителен одговор на меѓународната заедница може да го запре кремљ од секојдневни убиства.“

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Украина Андриј Сибига порача дека Русија се обидува да ја заплаши не само Украина, туку и целиот свет.

Во објавената изјава, Сибига вели:

„Путин се обидува да ја заплаши Украина со напади врз цивили и уништување станбени згради, музеи, училишта и критична инфраструктура. Тој, исто така, се обидува да го заплаши светот со лансирање балистички ракети со среден дострел врз мирни градови.“

Тој повика на координирана реакција од меѓународната заедница:

„Сето ова бара силна и координирана акција од меѓународната заедница. Ги повикуваме нашите партнери на решителни мултилатерални дејствија насочени кон одвраќање на Русија и принудување кон сеопфатен, праведен и траен мир.“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападот бил „особено жесток“, додавајќи дека „Кијив беше главната цел на рускиот напад“. Според локалните власти, повеќе од 80 луѓе се повредени, а спасувачките екипи интервенирале на десетици локации низ градот.

Во нападите биле погодени и административни објекти, а украинските власти соопштија дека делумно се оштетени и објекти поврзани со културното наследство, вклучително и делови од Музејот на Чорнобил.

Нападите доаѓаат во време кога дипломатските иницијативи остануваат практично замрзнати. И покрај претходните разговори за прекини на огнот и посреднички напори од САД и европски партнери, воздушните напади и борбите на фронтот продолжуваат со несмален интензитет.

Украинските власти предупредуваат дека Русија сè почесто комбинира масовни воздушни напади со психолошки и политички притисок, обидувајќи се да ја исцрпи.

Во исто време, Украина продолжува со удари врз руска воена и енергетска инфраструктура длабоко во руска територија, со цел да го наруши логистичкиот и оперативниот капацитет на руската армија.

Западните аналитички и индустриски извори потврдуваат значителен пад на обемот на извоз на руска нафта и капацитетот за рафинирање по украинските напади врз пристаништата, рафинериите и логистичката инфраструктура. Некои проценки укажуваат на пад на обемот на извоз по море од околу 20-24 проценти во текот на пролетта 2026 година, што е директна последица од украинските „санкции“.

Извор: ЦивилМедиа.мк

напад руски Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.