Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува судењето за 27 април: Воведни зборови ќе има одбраната

1
By Нова ТВ on August 23, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Макфакс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 23, 2018 10:27

Со воведни зборови на одбраната денеска треба да продолжи судењето за крвавите настани во Собранието од 27 април.

Судењето на 30 мината обвинети, од кои 28 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од чл.313 од Кривичниот законик, а две лица за помагање при вршење на истото кривично дело, започна вчера.

На 27 април обвинетите извршиле насилен напад врз една од најважните институции – Собранието. Обвинителството ќе докаже дека нападот не бил резултат на зовриени емоции кои еруптирале, туку е организиран и спроведен напад од страна на обвинетите, рече во воведното образложение на обвинението, обвинителката Вилма Русковска.

Русковска кажа дека имало повеќе групи и секоја имала своја улога за спроведување на сценариото.

-Од доказите кои ќе ги презентираме ќе докажеме дека групата била предводена од Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски Кољо кои заедно го планирале насилниот упад и го координирале, знаејќи дека можат да сметаат на другите обвинети, кажа обвинителката.

Во другата група, според неа, се оние кои требале да го спроведат законот, но наместо тоа се ставиле на станата на напаѓачите.

-Судот ќе се увери дека некои од нив намерно го одолговлекувале ангажирањето на дополнителни полицајци и со умисла ги тргнале професионалците. Посебна група биле пратениците кои ги отворија вратите од Собранието иако биле свесни дека напаѓачите се таму да создадат хаос, и организаторите на „Заедничка Македонија“ кои со своите потпалувачки зборови ја повеле масата кон Собранието, рече Русковска.

Се започнало во 14.39 часот

Според обвинителниот акт,  се започнало во 14.39 часот, кога Благоја Василевски кој тогаш, а и сега му е телохранител на Никола Груевски од телефонски број во сопственост на владината Служба за општи и заеднички работа му се јавува на брат му Александар Василевски Нинџа наводно да го праша за здравјето на мајка им. По ова започнуваат телефонските јавувања од Нинџа и Никола Митревски Кољо кои собираат 68 лица припадници на патриотски здруженија во кафе барот „Дион“ во ГТЦ.

По наредба на Нинџа, Кољо со обвинетиот Младеновски заминуваат во продавницата „Камуфлажа“ од каде прво купуваат 30 фантомки,а потоа набавуваат уште 30.

Во 17 часот почнуваат протестите пред Владата од каде насобраните демонстранти се упатуваат кон Собранието. Во тоа време, во Собранието Зеќирија Ибрахими од собраниската говорница ја пее албанската химна.

– И што прават тогаш пратениците кои со месеци ја бранеа државата од т.н тиранска платформа?, праша обвинителката и одговори: ,,Ништо, тие молчат а претседавачот Трајко Вељаноски не ги  исклучува микрофоните“ , рече Русковска.

Кога пратениците ги отвораат вратите во Собранието влегуваат и лицата со фантомки на главата. Дел од нив кон прес салата каде што беа пратениците на СДСМ, ги води началникот на личното обезбедување на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски кој според обвинението бил во постојана комуникација со Чавков. Но, Чавков е недостапен за тогашниот министер за внатрешни работи Нухиу, кој му звони и му пишува пораки но тој не му одговора.

За време на насилството во Собранието, полицијата имала „наредба за пасивна употреба на сила – ова значи дека полицијата не требала да презема ништо“ рече Русковска.

Во ваква ситуација, Нухиу дава усна наредба да интервенираат специјалните полициски сили, но наредбата на министерот за внатрешни работи не се спроведува. Според Обвинителката од доказите ќе се утврди дека Чавков од почеток  е информиран за сите случувања.

Целта на групата била да создадат чувство на несигурност и страв кај граѓаните и да го загрозат уставниот поредок на РМ, додаде Русковска.

Aдвокатите на обвинетите: Нема ниту „Т“ од делото за кое се обвинети

Дел од адвокатите на обвинетите во своите воведни зборови рекоа дека обвинетите не го сториле делото кое им се става на товар. Нема ниту „Т“ од делото за кое ги обвинувате рече адвокатот на пратеникот Крсто Мукоски. И тој и адвокатот на пратеникот Сашо Василевски рекоа дека пратениците со ниту едно свое дејствие не го загрозиле уставниот поредок и не го спречиле изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Тие кажаа дека во текот на постапката ќе докажат дека „ не постоела умисла ниту намера за уривање на уставниот поредок“, туку дека нивните клиенти на 27 април  биле на своите работни места – во Собранието .

Претходно, дел од адвокатите приговараа дека  Обвинителството не ги доставило сите докази до нив, по што обвинителката Вилма Русковска ги повика да дојдат во Обвинителство и да ги земат записниците од сослушување на сведоци кои им недостигаат.

Митко Чавков

По завршувањето на денешното рочиште, обвинителката Русковска изјави дека Обвинителството делото ќе го докажува со 36 сведоци и со други материјални докази и видео снимки од телевизите и од камерите во Собранието. Истрагата продолжува и за други лица, но Русковска не сакаше да прецизира дали новата истрага ќе ги опфати и нарачателите на делото.

На прашањето зошто Обвинителството го спомена името на Никола Груевски и дали и тој е дел од истрагата, Русковска рече дека „Обвинителството не работи на основа на претпоставки, туку на докази, а за сега обвинетите имаме докази дека го сториле делото.

Обвинети се: Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Судијката Добрила Кацарска закажа вкупно 37 термини за главна расправа.

27.април судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.