Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проектили врз членка на НАТО: Премиерот на Полска свика итен безбедносен состанок

0
By Ана Василевска on November 15, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неколку полски медиуми јавија дека во попладневните часови се случила експлозијапо пад на проектил полско-украинската граница ,а според првичните информации загинале две лица.

Полските портали пишуваат дека војската и полицијата се на терен, но причината за експлозијата се уште не е позната. Радио Лублин соопшти дека две лица загинале.

Портпаролот на полската влада Пјотр Мулер, исто така, ги повика медиумите и јавноста „да не објавуваат непотврдени информации“.

АП објави, цитирајќи висок претставник на американското разузнавање, дека руски проектили паднале во Полска, при што загинале две лица. Мулер не ги коментираше извештаите, само го нарече инцидентот „кризна ситуација“.

Некои полски медиуми јавија дека експлозијата се случила по пад на проектил. Таа вест не е потврдена.

„Две залутани ракети паднаа во градот Пржеводов во провинцијата Лублин на границата со Украина“ – неофицијално дознава Радио ЗЕТ.

„Удираа во сушарите за жито. Две лица загинаа. На терен се полицијата, обвинителството и армијата“ – додава оваа радио станица.

Полскиот премиер свикал итен безбедносен состанок откако две руски ракети, наводно, паднале во Пжевдов, полски град на 100 километри од Лавов, Украина.

Евидентирани се две мртви лица – напиша Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

Попладнево имаше еден од најсилните руски ракетни напади врз украинските градови. Беа нападнати Киев, Харков, Лавов и многу други градови.

Полска е членка на НАТО. Членот 5 од НАТО налага дека во случај на напад врз една членка, сите други членки мора да ја бранат.

Полска Проектили
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.