Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проекција на антологискиoт „Кој тоа таму пее“ утревечер во Кинотека

0
By НОВА ТВ Balaban on September 14, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 14, 2021 14:55

Филмот за „скапаниот“ автобус на фирмата „Крстиќ и синот“ со кој група патници се обидува, преку низа перипетии и комични ситуации, да стигне до Белград токму пред нацистичкиот напад на Југославија во април 1941 г. – своевремено беше добитник на повеќе домашни (Златна арена за Александар Берчек во Пула) и странски филмски награди и признанија (Кан – награда на публика; Гран при на фестивалите во Монтрел, Панама, Саламанка, Ротердам, итн.).

Утре (среда,15 септември), во 20.00 во летното кино „Мирно лето“ ( Кинотека), во рамки на „Скопје филм фестивал класик“, ќе се одржи проекција на култната комедија на Слободан Шијан од 1980-та година – КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ (Ко то тамо пева / Who Is Singing Over There).

Станува збор за нова, дигитално реставрирана копија на филмот кој своевремено беше прогласен за најдобра комедија на сите времиња на југословенските простори, а многумина светски критичари и автори го нагласуваа како еден од омилените филмови. Овој филм на Шијан, како и сто други – антологиски наслови снимени од српски режисери во периодот од 1911 до 1999, кои во 2016-та беа прогласени за национално добро од големо значење – се дел од проектот „VIP Кинотека“ чија цел е да се сочуваат и заштитат филмовите кои ја одбележале српската кинематографија. Со овој проект започнува и долго очекуваниот процес на дигитална реставрација на српското филмско наследство (https://youtu.be/WvwnU9BJxIs) кој се реализира во Одделението за дигитализација и дигитална реставрација при архивот на Југословенската кинотека во Белград.

По повод оваа проекција, гостин на Кинотеката на РС Македонија ќе биде Југослав Пантелиќ, директор на Југословенската кинотека и уметнички директор на ФЕСТ – белградскиот меѓународниот филмски фестивал кој годинава го одбележа своето 50-то издание – кој пред почетокот на КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ ќе говори за значењето на филмот.

Југословенската кинотека е основана во 1949 година од страна на Комитетот за кинематографија на тогашната ФНР Југославија, и е организациски поставена како и другите значајни филмски архиви. Фондот на Југословенска кинотека веќе во 1964 се вбројувал меѓу најбогатите и денес спаѓа во петте најзначајни филмски архиви во светот. Покрај богатата збирка филмови од југословенската и српската национална кинематографија, оваа кинотека располага и со огромен фонд странски филмови, добиени како размена со другите странски архиви, депонирани од физички и правни лица, како и преземени од широката киноприкажувачка мрежа.

Кинотеката на Северна Македонија и Југословенската кинотека се во подготовка на „Неделата на српски филм“ во чии рамки ќе бидат прикажани повеќе дигитално реставрирани филмски наслови од листата на српски „културни добра од големо значење“. Веќе двапати оваа презентација на српската кинематографија беше одложена и двете кинотеки се надеваат дека наскоро ќе можат да ја реализираат оваа соработка.

Проекцијата на КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ е поддржана од културно-информативниот центар „Спона“ во Македонија и е во соработка со Српската амбасада во Скопје, а се прикажува во склоп на „класик“ програмата на годинешното издание на Скопскиот филмски фестивал.

Сценариото на филмот е на Душан Ковачевиќ, а во главните улоги се појавува плејада од врвни југословенски и српски актери како Павле Вуисиќ, Александар Берчек, Данило Бата Стојковиќ, Драган Николиќ, Славко Штимац, Неда Арнериќ, Ташко Начиќ, Боро Стјепановиќ, Бора Тодоровиќ, Миливоје Томиќ и други.

Филмот за „скапаниот“ автобус на фирмата „Крстиќ и синот“ со кој група патници се обидува, преку низа перипетии и комични ситуации, да стигне до Белград токму пред нацистичкиот напад на Југославија во април 1941 г. – своевремено беше добитник на повеќе домашни (Златна арена за Александар Берчек во Пула) и странски филмски награди и признанија (Кан – награда на публика; Гран при на фестивалите во Монтрел, Панама, Саламанка, Ротердам, итн.).

Влезот е слободен, а проекцијата ќе се одвива според протоколите за заштита од Ковид-19.

Кинотека Кој тоа таму пее култната комедија проекција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.