Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. Андонов: Северна Македонија и регионалните сојузи во НАТО – дали нашите авторитети во политиката и одбраната ќе го препознаат моментот?

0
By Marija Todorovska on April 9, 2025 ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТЕМА
Фото: ЦивилМедиа
Фото: ЦивилМедиа
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сигурно иницијативата не е исклучиво хрватско-албанска иницијатива. Таа иницијатива е обмислена во рамките на НАТО. Второ, во рамките на НАТО ние ќе имаме проширување на тој сојуз регионално, а ќе имаме и поддршка на самиот тој мини сојуз, така да го наречеме. Поддршка од придружни членки. И тоа сигурно ќе биде некоја од поголемите европски држави или посилните НАТО држави, која ќе даде импулс на еден таков сојуз.

Џабир Дерала

Албанија, Хрватска и Косово потпишаа заедничка декларација за соработка во одбраната на 18 март во Тирана. Овој настан предизвика силна реакција кај српските власти. Вучиќ овој потег го толкува како закана и за територијалниот интегритет на земјата и за регионалната стабилност.

Од друга страна, се работи за документ според кој земјите потписнички се договараат за „зајакнување на одбранбената и безбедносната индустрија, зголемување на воената интероперабилност преку заеднички обуки и вежби, спротивставување на хибридните закани и зајакнување на стратешката безбедност и поддршка на евроатлантската интеграција“. Притоа, беше нагласено дека декларацијата „е отворена за други земји“ и дека Бугарија била поканета да стане дел од иницијативата.

И македонската јавност се разбранува по оваа декларација, во голем дел како ехо на српските реакции на декларацијата на трите земји.

Со цел да добиеме подобра претстава за тоа што оваа декларација претставува, разговараме со проф. д-р Оливер Андонов, кој предава на катедрата за Безбедност и кризен менаџмент на Воената академија. Меѓу другите, тој предава на предметите Тактика на мировни операции, Национална безбедност и Методика на настава со пешадиско вооружување.

ЏАБИР ДЕРАЛА / ЦИВИЛ МЕДИА: Професор Андонов, гледаме дека имаме еден мини сојуз кој се формира во регионот. Хрватска, Албанија и Косово влегуваат во мини сојуз во рамките на НАТО. Како го коментирате ова? Што значи ова?

ОЛИВЕР АНДОНОВ: Најпрво, нема потреба од, така да кажам, панично коментирање на еден таков сојуз. НАТО има практика на формирање на мини сојузи. Ние ја имаме, на пример, медитеранската група во рамките на НАТО. Го имаме Вајмарскиот триаголник во рамките на НАТО. Понатаму, скандинавските земји со Велика Британија во рамките на НАТО. Тоа е пожелна активност на НАТО каде што преку локални, односно, регионални поврзувања се засилува одбранбената способност на НАТО. Кога зборувам за одбранбената способност и отпорноста, заедно со одбраната, се мисли на засилување не само на воените капацитети, туку и на наменската индустрија. Значи, воената индустрија, економските капацитети на земјите членки на НАТО. И воопшто не е чудно, иако знам дека мнозина сигурно се прашуваат зошто Косово кога не е земја членка на НАТО.

ЦИВИЛ МЕДИА: Тоа беше моето следно прашање всушност.

АНДОНОВ: Јас тоа повеќе го гледам, така да кажам, со историско искуство. Се сеќавате дека, ми се чини, 1951 година, сега не ме фаќајте за збор точно кога, имаше еден договор помеѓу тогашна Југославија, Грција и Турција за заедничка одбрана. А Грција и Турција беа земји членки на НАТО. Тоа значи дека тогашна Југославија посредно влезе во сојуз со НАТО. Всушност, за што се работи сега, ако го гледаме Косово? Го имаме и тоа искуство. Всушност, Косово нема сопствена армија – на територијата на Косово се наоѓаат сили на НАТО. Тоа е КФОР, така? Преку силите на НАТО кои се наоѓаат на Косово, формално-правно добиваат и можност, со согласност на силите на НАТО, со согласност на косовската влада, да дејствуваат и во рамките на НАТО, не само во рамките како КФОР, бидејќи секако земјите членки на НАТО ги даваат НАТО силите на Косово. Тоа морам да напоменам – не се мировни сили, туку се сили на НАТО на Косово. Воени сили на НАТО. ЕУЛЕКС е нешто друго веќе.

ЦИВИЛ МЕДИА: Од таму и произлегува логиката на овој потег. Добро, ние слушнавме, хрватската страна кажа дека тоа е отворена инцијатива, дека се добредојдени сите земји членки на НАТО од регионот да се приклучат кон овој мини сојуз. Меѓутоа не ја гледаме нашата земја, Македонија не е во овој мини сојуз на НАТО. Како го толкувате тоа? Зошто Македонија не е во овој сојуз?

АНДОНОВ: Прво, треба да знаете дека сигурно иницијативата не е исклучиво хрватско-албанска иницијатива. Таа иницијатива е обмислена во рамките на НАТО. Второ, во рамките на НАТО ние ќе имаме проширување на тој сојуз регионално, а ќе имаме и поддршка на самиот тој мини сојуз, така да го наречеме. Поддршка од придружни членки. И тоа сигурно ќе биде некоја од поголемите европски држави или посилните НАТО држави, која ќе даде импулс на еден таков сојуз.

Сега, прашањето упатено до мене можеби не е баш најсоодветно да дадам одговор зошто Македонија не ја гледаме. Тоа е прашање кое треба да го поставите во министерството за одбрана или во кабинетот на премиерот или до претседателот на државата. Тоа се авторитетите кои треба да одлучат кога Македонија би пристапила во еден таков мини сојуз во рамките на НАТО, регионален сојуз и покрај политичките, пред сé, да ги разгледа и воените аспекти на пристапување, согласно новите ризици и закани, загрозувањата кои се случуваат во регионот. Но, она што со сигурност можеме да го потврдиме, тоа е дека ќе има тенденција и можеби и реално проширување на овој регионален сојуз и на други држави од регионот. Не би ја исклучил можеби и Црна Гора дека можеби треба да се праша.

ЦИВИЛ МЕДИА: Сепак, дали Македонија треба да биде дел од ваквиот сојуз или не?

АНДОНОВ: Мојот личен став е дека Македонија треба да биде дел од регионалните сојузи во рамките на НАТО и јас сум убеден дека тоа прашање ќе им биде поставено на нашите авторитети во политиката и одбраната, а каков ќе биде одговорот, останува на нив. Но, мојот став, ќе повторам уште еднаш, е дека треба да бидеме таму од неколку аспекти, пред сé, поради регионално зацврстување на сигурноста, градење на отпорноста и не само воената, туку и политичката и економската поврзаност. Затоа и ќе имате прашање не само насочени кон Македонија, туку и кон други држави од регионот.

ЦИВИЛ МЕДИА: Еве ќе го сметаме ова за прогноза и се разбира дека ќе ги поставиме прашањата.

АНДОНОВ: Па, јас мислам дека дури и НАТО ќе ги постави прашањата до поедини влади. Не само иницијаторите на сојузите.

ЦИВИЛ МЕДИА: Секако и јавноста има право да знае и ќе го поставиме тоа прашање и до институциите кои ги наведовте.

АНДОНОВ: Јавноста мора да знае, бидејќи овој дел од одбраната и градењето на отпорноста во рамките на НАТО на Македонија како држава се однесува и ја засегнува македонската јавност. Ние мора да знаеме зошто нешто се прави, поради што ќе се прави сето тоа. Но, во основа да тоа биде во наш интерес, во интерес на одбраната на Македонија и градењето на отпорноста во насока на новите ризици и закани кои можеме да ги очекуваме, бидејќи гледате – светот е доста турбулентно место за живеење последните месеци.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Албанија Андонов Косово НАТО Хрватска Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.