НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. д-р Даниловски: Индискиот сој нема да ја наруши епидемиолошката состојба, треба помасовна вакцинација

0
By НОВА ТВ Balaban on June 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Индискиот сој на коронавирусот, за којшто здравствените власти денеска потврдија дека е откриен и во нашата земја, официјално е пријавен на 53 територии, според Светската здравствена организација.

За тоа дали и која е опасноста од влошување на епидемиолошката состојба по појавата на оваа мутација на вирусот и во нашата земја, проф. д-р Драган Даниловски за Нова ТВ вели:
– Јас сум оптимист дека појавата на индискиот сој нема да предизвика нарушувања на епидемиолошката состојба. Едноставно, не постојат поволни услови за ширење на било кој респираторен вирус. Како ќе биде наесен, ќе видиме. И тогаш не верувам дека би дошло до појава на поголем бран – ако воопшто дојде до него. Меѓутоа, ова треба да биде поттик за уште помасовно вакцинирање! Есента да ја дочекаме со “бедем” од 80-85 отсто имуни граѓани! – порачува проф. д-р Даниловски, епидемиолог на Институтот за епидемиологија и  биостатистика со медицинска информатика во Скопје.

Индиската варијантата Б.1.617 на коронавирусот за првпат се појави лани во октомври во Индија, а во регионот е регистрирана во Грција и Словенија, а во почетокот на јуни и во Хрватска. Поради овој сој, многу земји воведоа ограничувања за патување во Индија. Најголем број заразени со оваа варијанта на вирусот, по Индија, е регистриран во Велика Британија. Овој сој беше откриен и во Унгарија, и тоа кај граѓани кои не патувале надвор од државата.

Министерството за здравство денеска информира дека минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2 и нагласуваат дека „овој пациент не е знак за ризик“.

– Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран, а кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна – соопштуваат  од Министерството.

Пред индискиот сој, во земјава стаса и нигерискиот, од којшто во Централноафриканската Република заболе полковник на АРМ, кој, за среќа, по 22 дена лекување на Клиниката за инфективни заболувања, е отпуштен дома.

Инаку, според новиот начин на именување на мутациите на коронавирусот кој СЗО го објави минатата недела, индискиот сој се нарекува Делта.

Оваа варијанта на вирусот, Б.1.617, може да предизвика симптоми како дијареја, болки во стомакот, оштетување на слухот, но и болки во зглобовите.

Поради ширењето на оваа мутација, којашто сега е доминантна во Велика Британија, од 21 јуни најверојатно нема да се укинат дел од рестриктивните мерки во земјата, како што беше предвидено. Дали и во С.Македонија по откривање на оваа мутација,  ќе бидат евентуално предложени нови рестриктивни мерки  чие натамошно олабавување се најавува за 15 јуни, останува да видиме.

За големиот број мутации на коронавирусот, д-р Ана Глигиќ, вирусолог од Србија на српската телевизија Прва неодамна изјави:

– Ова е нормално за РНК вирусите, веќе се добро познати овие моќни мутации. Тие се всушност жестока борба на вирусот да се задржи меѓу луѓето, тој се обидува да се прилагоди и да остане во природата. Но сите овие мутации ќе наидат на пречка од вакцините, бидејќи сите корона вируси што ги имаме, имаат нешто заедничко. Сите вакцини што досега ги користевме се ефикасни, многу луѓе се вакцинираа, многу се разболеа и оздравеа, создадовме имунитет, што ќе понуди некаква заштита од мутации – изјави д-р Глигиќ.

Таа додаде и дека „вакцините коишто сега се достапни ќе штитат нешто помалку од новите соеви“.

По откривањето на индискиот сој и во Хрватска, д-р Ива Пем Новосел од хрватскиот Завод за јавно здравство, пред неколку дена во емисијата Студио 4, изјави:

– Откриен е пред неколку дена во Сплитско-далматинската жупанија, но тоа се индивидуални случаи и нема причина за паника, изјави таа и додаде дека и понатаму сите треба да бидат претпазливи.

Според СЗО, новите соеви се доста заразни и голема е можноста за нивно брзо пренесување.

Љубица Балабан

 

 

варијанта вирус драган даниловски индиски сој Ирак СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.