НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. д-р Грозданова: Само со две дози од иста вакцина во моментов се добива ковид пасош

0
By НОВА ТВ Balaban on June 2, 2021 ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Aleksandra Grozdanova
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кај дел од лицата кои прележале ковид-19 потврдено е дека и со една доза на некои од вакцините, најчесто „Фајзер“ но и кај други вакцини, се постигнува одличен имун одговор, поточно нивото на антителата кај овие лица е многу високо. Но ваквата состојба не е идентична кај сите прележани, затоа што имаше многу лица кои асимптоматски или без воопшто создавање на антитела ја прележале болеста. Досега нема официјална препорака за давање на само една доза на вакцина ниту од меѓународните здравствени организиции како СЗО, ниту од регулаторните тела ЕМА или ФДА или од производителите на вакцините, вели во интервју за НоваТВ проф. д-р Александра Грозданова, Национален координатор за имунизација и професор на Фармацевтскиот факултет во Скопје.

Во врска со оваа дилема – оние коишто прележале ковид-19 да се вакцинираат само со една доза, но во тој  случај нема да добијат сертификат дека се вакцинирани, таа појаснува:

– Само со две дози од иста вакцина во моментов се добива ковид пасош. Дополнително, се отвараат многу други прашања во однос на времетраењето на имунитетот кој се стекнува со прележување, примање  различни видови на вакцини, различната популација кај која вакцинацијата би се спроведувала со една доза, комплетирањето на сертификатот и слично. Комисијата активно ги следи сите нови податоци во однос на овие прашања и можно е да има промена за истите, но засега останува на ставот дека комплетна вакцинација е само со две дози.

Проф. д-р Грозданова зборува и за тоа дали во битката со ковид-19 сме конечно во предност или ова е само „примирје“, дали треба се дозволи мешање на вакцини од различни производители, како жестоките противници на вакцинацијата да се убедат да примат вакцина, особено оние кои без проблем се имунизираат против жолта треска и други болести кога престојуваат во Африка или Азија. Проф. д-р Грозданова открива и какви нови лекови за третман на ковид – 19 се на повидок, но и со која вакцина не смеат да се имунизираат трудници и доилки и друго.

Што сметате за мешањето на вакцините – прва доза од еден производител, а втора од друг? Студијата „Комбивакс“ во Шпанија покажала дека давањето втора доза „Фајзер“ на лица што прво се вакцинирале со „Астра Зенека“ е безбедно и ефикасно, а дека имунолошкиот одговор е од 30 и 40 пати поголем отколку во контролната група на луѓе што примале само една доза на „Астра Зенека“.

– Студијата од Шпанија која е во рамки на клинички истражувања каде по прва доза „Астра Зенека“ ревакцинација била со „Фајзер“ и се постигнал одличен одговор кај вакцинираните, е сепак студија е направена на мал број испитаници. Од регулаторните тела официјално има препорака вакцините да не се мешаат и ние ги следиме овие стручни тела. Но доколку ваквиот начин е ефикасен оставаме можност понатаму тој да почне да се применува и кај нас, но сепак за тоа се неопходни поголеми и поопсежни истражувања.

Дадени се повеќе од 1,9 милијарди вакцини во светот 

Професор Грозданова, по речиси една и пол година борба со коронавирусот дали со имунизацијата којашто кај нас трае околу 3 месеци, а во светот и подолго, сме конечно во предност или ова е само „примирје“ со оглед на мутациите кои ги дава вирусот? Во светот досега со ковид 19 се заразија повеќе од 164,4 милиони лица, а најмалку 3,5 милиони починаа.

– Почетокот на имунизација секако значеше и почеток на успешна борба со пандемијата. Но за да се почувстуваат ефектите од имунизацијата било на национално или на глобално ниво потребно е време и секако најбитно голем опфат, поточно голем процент од населението да е вакцинирано. Успехот на масовната вакцинација веќе се гледа во земји како Израел, коишто за кратко време вакцинираа голем дел од своето население и оваа земја потоа брзо се врати во нормалниот тек на функционирање на општеството, без рестрикциите кои долго време ги имаше. Вакви примери има и во други држави како Англија, Обединетите Арапски Емирати, во некои од државите на САД каде високиот степен на имунизација потврди дека директно влијае на намалување на пандемијата. Сега веќе ги следиме бројките на дадени вакцини на дневно ниво и истите ветуваат. Досега се дадени повеќе од 1,9 милијарди дози на вакцини против ковид – 19 во светот.

Дали се вакциниравте против ковид-19? 

– Секако дека се вакцинирав без размислување. Вакцинација против ковид-19  за мене и како научник и како човек значи првенствено здравствена заштита, најдобро нешто што може да го направите за себе, но и за другите во услови на пандемија. А значеше и олеснување на психолошкиот притисок со кој повеќе од една година живееме сите ние. Немаше семејство кое не го почувствува теретот на живеењето во услови во пандемија, многу луѓе директно се соочија со ковид болеста, за жал многу од нив ја изгубија оваа борбата. Изминатата година и современата медицина се соочи со фактот колку може да биде немоќна кон една ваква вирусна инфективна болест. Сите се потсетивме на пандемиите од минатото и на тоа колку е битно да имате ефикасна вакцина во борба против истите. Токму благодарение на вакцините, ние децении наназад не гледаме случаи на дифтерија, на полио, на беснило и на други болести кои успешно се превенираат со вакцинација. Кон крајот на 2018 и во 2019 година во нашата држава имавме епидемија со мали сипаници – морбили, токму поради малиот опфат со ММР вакцината поради на одбивањето на дел од родителите да ги вакцинираат своите деца. Со успешна кампања, едукација и истрајност на здравствените институции, за помалку од 6 месеци беа вакцинирани скоро 46 илјади деца, без пријавени сериозни несакани ефекти од вакцината. Сега и родителите се многу поспокојни кога знаат дека нивното дете е заштитено од оваа болест.

Одбиваат вакцина против ковид-19, а без проблем примаат за жолта треска кога се во странство

Вие сте и професорка на Фармацевтскиот факултет во Скопје, а Ваше поле на научен и наставен интерес се и имунологија, биолошки лекови и вакцини. Сметате ли дека освен со вакцина, од компликации и смртен исход од ковид – 19 ќе може да се штитиме и со некој ефикасен лек, со оглед, нели, дека е сепак вирус во прашање? Дали е на повидок пронаоѓање на ефикасен лек против ковид-19?

– Во текот на изминатата година се користеа различни пристапи и протоколи во лекувањето на ковид, но не успеа да се развие таргетирана терапија кон сарс-ков2 вирусот. Кај одредени пациенти успешно беше лекувањето со ремдесивир, се користеа и други антивирусни лекови како флавипиравир, како и лекови за намалување на цитокинската бура, лекови кои спречуваат згрутчување на крвта, антибиотици и кортикостероиди. Но болеста кај секој пациент се развиваше многу различно, различни индивидуални карактеристики влијаеа на текот на болеста и оттука и не беше дефиниран само еден пристап во лекувањето. На повидок се нови лекови, коктел од моноклонални антитела кои ветуваат подобри резултати во третманот на ковид. Сепак и за овие лекови индивидуалниот одговор на пациентот и фазата во која е болеста ќе бидат пресудни за нивната ефикасност.

Ова прашање е особено важно за оние коишто не сакаат да се вакцинираат, но и сите други сме засегнати, со оглед на можните опасни мутации од вирусот за кои постојните вакцини можеби не би биле ефикасни. Затоа е уште поважна мисијата противниците на вакцинацијата да се убедат дека сепак треба да се заштитат. Како и во овој сегмент да го искористите Вашето искуство од едукацијата и студискиот престој на повеќе светски и европски универзитети? 

– На почетокот од пандемијата дел од луѓето не веруваа во постоењето на вирусот и болеста. Не е потребно да ја почувствувате болеста за да се уверите дека постои, но, за жал, тоа беа дел од искуствата. Можеби е природно да не се плашите од она што не го „гледате и чувствувате“, но токму тука е моќта на превенцијата – да се спречи е подобро отколку да се лекува. Луѓето коишто не веруваат во вакцините треба реално да ги погледнат податоците и фактите. Досега се дадени повеќе од 1,9 милијарди дози на вакцини против ковид 19, во 176 земји во светот, со динамика од околу 1,32 милиони дози на ден. Во земјите каде имаме поголем процент на вакцинирани, бројот на заразени се намалува и пандемијата стивнува. Ефикасноста на вакцините веќе беше на тест кога во неколку земји се организираа концерти и други масовни собирања на луѓе кои беа вакцинирани и кои беа изложени на ризик од вирусот.

Во однос на новите мутации, тоа е сосема нормална појава за секој вирус кој циркулира. Инфлуенца вирусот, т.е грипот секоја година се јавува со одредени варијанти и соеви и истите се дел од сезонската вакцина за грип. Неколку студии сепак потврдија дека вакцините против ковид – 19 ќе имаа ефикасност и кон новите мутации на вирусот. Но извонредно битно е имунизацијата да се одвива брзо и истовремено во сите земји, со цел да не се остави многу „простор и време“ овие мутации да станат доминантни.

Интересно е што дел од лицата кои сега одбиваат да ја примат вакцината против ковид – 19, кога патувале во афричките или азиските држави каде, на пример, е задолжителна вакцината против жолта треска, истите без проблем ја примиле оваа вакцина, без никакви прашања во однос на таа болест или таа вакцина. Моето искуство при постдокторските студии во Бостон, САД, беше дека независно од мојот комплетен имунизациски картон, требаше да ја примам вакцината за хепатит А и Б, а мојата ќерка можеше да оди во училиште само доколку ги имаше примено сите задолжителни вакцини. Ваквиот пристап дека ставот и убедувањето на поединецот не смее да го загрозува јавното и колективното здравје е основа на сите развиени здравствени системи. Пандемијата со ковид 19 ни го потврди токму тоа, колку однесувањето на поединецот е битно за колективното здравје.

Во делот на комуникација по прашањето на верба во вакцините, најголем акцент е потребен на насочување кон точни и проверени информации, бидејќи од морето на лажни вести и теории на заговор луѓето се збунети и со голема недоверба. Најголем дел од нив не се вистински противници кон вакцинацијата, туку луѓе со кои треба да се разговара и да им се објаснат и одговорат сите прашања кои ги имаат.

Што подготвувате во Комисијата во однос на вакцинација против ковид-19, која е во тек и колку сте задоволни од тоа како е организирана? 

– Организацијата на имунизацијата против ковид 19 беше еден голем предизвик на кој се надевам дека добро одговоривме. Оваа активност е организирана од Министерството за здравство и водена од министерот Венко Филипче, а се формираше и Национална техничка работна група за ковид 19 вакцинација која навистина интензивно работеше. Изготвен беше и Националниот план за ковид 19 вакцинација, оваа комисија учествуваше во поставување на системот за евиденција, следење и логистика на целиот процес и имаше обврска да ја организира вакцинацијата против ковид – 19. Се одржаа повеќе тренинзи и едукации на лекарите и сестрите од вакциналните тимови, колегите од МојТермин го поставија електронскиот модул за ковид 19 вакцинација, и беа организирани и ставени во употреба повеќе сали каде се одвива масовната имунизација на населението во нашата држава. Поддршка во реализацијата на овие активности имаше од ниво на Влада до локално ниво од општините, здравствените домови и сите колеги кои се дел од процесот и до сите нив треба да се изрази благодарност.

Кај трудници и доилки не смее да се врши вакцинација со „Спутник“

Дел од доилките побараа да се стават во приоритетна група и да се вакцинират со вакцината на „Фајзер“, којашто е засега единствената што им се препорачува?

– Со доилките и трудниците сме контактирале и имаат доставено список на заинтересирани. И во САД и во повеќе земји на ЕУ и доилки и трудници се имунизираат со „Фајзер“, а вакцина за којашто е јасно напоменато  дека не смее да се врши вакцинација кај овие категории граѓани е Спутник. Секако тие се во приоритните групи за вакцинација и за нив ќе дојде редот, но имајќи во вид дека најголемиот  дел од нив се дома, особено доилките, сепак дадовме мала предност и продолжуваме со вакцинација на хронично болните. Кај пациентите со ретки болести, со трансплантирани органи и оние на дијализа веќе е во тек имунизацијата.

Проф. Грозданова, колку сте задоволни од одзивот за вакцинација против ковид-19 кај граѓаните?   

– Интересот за вакцинација меѓу нашите грагани е одличен и постојано расте. Тоа ме радува бидејки луѓето сфатија дека единствен начин да ставиме крај на пандемијата е масовно и брзо вакцинирање. Бенефитот од вакцинацијата неколкукратно е поголем од ризикот на истата и вакцините остануваат единствен начин за сузбивање на пандемијата. За сите прашања кои ги имаат може да ја посетат страницата  kovid19vakcinacija.mk која е намената граѓаните да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација против ковид-19. Ги повикувам сите да се пријават за вакцинација на страната vakcinacija.mk бидејки тоа е најбрзиот и наједноставниот начин да добијат термин за вакцинација и да се заштитат себе си, но и одговорност кон јавното здравје затоа што Никој не е заштитен, доколку сите не се заштитени!

Љубица Балабан

 

Александра Грозданова вакцини имунизација ковид пасош Ковид-19 Пандемија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.