Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професор по дефектологија уценува студенти: Помала оцена ако напишете Северна Македонија

0
By Ана Василевска on February 3, 2024 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 3, 2024 10:57

Овој став со диркетната уцена кон студентите треба да биде разгледан од страна на етичката комисија при УКИМ како и од страна на студентскиот правобранител.  

Лавина реакции по фејсбук објавата на професорот Владимир Трајковски во која се обраќа на студентите со закана дека ќе намалува оцени на оние студентити во чиј индекс е пишува Северна Македонија. Неговата објава ја пренесоа и дел од медиумите, а денеска наместо извинување тој вели дека овие реакции се производ на тоа “дека има многу „пациенти“ со Стокхолмски синдром“.

“Сите вие што сте родени од 1991 година наваму во индексот кај држава на раѓање треба да ставате исклучително само Македонија и ништо друго. Никакво РСМ, Р.С.М., РС Македонија и слично не сакам да видам. Таму не ви пишува држава на живеење, а дури и тоа да ви пишува, не мора да бидете толку политички коректни. Ви укажувам на прва страница на индекс таму каде што ќе видам такво нешто, во старт имате една оцена пониско. Или можеби грешам ние имаме пет годишни деца на студии, откога некои политиканти на сила и со манипулации го прифатија пежоративното име. Берете ум во глава!“, пишува во објавата на Трајковски.

По реакциите тој денеска не го повлече ставот туку смета дека овој негов „социјален експеримент“ покажува “дека во Македонија има лица со ниска самосвест за идентитет“.

„ Што покажа вчерашниот социјален експеримент? 1. Дека во Македонија има лица со ниска самосвест за идентитет, име, односно анационални ликови. 2. Низок степен на интернет култура, а висок степен на простотилук. 3. Дека има многу „пациенти“ со Стокхолмски синдром. 4. Дека има многу партиски ботови кои киснат по задача на туѓи ѕидови со цел да омолавожуваат, шиканираат, навредуваат. 5. Како се прави вирален пост Ова е последен мој пост и коментар на оваа тема на мојот ѕид.“. напиша тој.

Станува збор за професор по дефектологија при катедрата на Филозофскиот факултет. Професорот Трајковски е чест гостин во десно ориентираните медиуми каде што ги изложува своите „патриотски’ ставови.

Овој став со диркетната уцена кон студентите треба да биде разгледан од страна на етичката комисија при УКИМ како и од страна на студентскиот правобранител.

А. Василевска

 

 

 

Северна Македонија студенти Филозофски факултет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.