Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Профил на Египет за СП2018: „Фараоните“ на мундијал по 28 години

0
By Нова ТВ on June 6, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Континентално најуспешни, планетарно просечни. Египет ја има најтрофејната фудбалска репрезентација кога е во прашање африканскиот Куп на нации што „фараоните“ го освојуваа седум пати низ историјата. Но, сосема е поинаква ситуацијата со Светските првенства. Претстојното во Русија ќе биде третo за нив што го чекаа од 1990 година и турнирот во Италија, откако за СП 2010 и за СП 2014 година беа запрени во бараж мечевите.

Од клупата предводени од Ектор Купер, на теренот од Мохамед Салах, Египќаните се надеваат дека би можеле во нокаут фаза крај Русија, Саудиска Арабија и Уругвај. Аргентинецот ја презеде репрезентацијата во 2015 година и во само еден од 30 натпревари под негово водство се примија повеќе од еден гол. Нацијата силно верува во него и покрај имиџот на губитник што го има од причина што загуби многу финални мечеви. Најголемо внимание на себе сврте како тренер на Валенсија и на Интер, а во периодот 2008-2009 работеше како селектор и на Грузија. Единствен голем турнир на кој учествувал беше ланскиот Куп на нации на Африка, но Египет не успеа до осма титула по поразот во финалето од Камерун со 1:2.

Да не говориме за вербата во Мохамед Салах, брзоногиот крилен играч на Ливерпул, кој клупската сезона ја заврши како најдобар стрелец во Премиерлигата со 12 гола. Во квалификациите за СП 2018 постигна пет гола. Настапот на египетската ѕвезда, сепак, е во неизвесност поради повредата што ја здоби во дуел со Серхио Рамос во финалето во Лигата на шампиони против Реал Мадрид.

Египет во своите редови ќе има потенцијален рекодер на Светските првенства. Голманот Ешам Ел Хадари би можел да стане највозрасниот учесник на мундијалите што тешко дека некој би можел да го надмине во иднина. Меѓу стативите во националниот тим е од 1996 година, а почетокот на турнирот во Русија ќе го дочека со 45 години и пет месеци.

Конечен список на Египет за СП 2018

Голмани

Ешам Ел Хадари (Ал Таавон)

Мохамед Ел Шенави (Ал Ахли)

Шериф Екрами (Ал Ахли)

Одбрана

Ахмед Фати (Ал Ахли)

Саад Самир (Ал Ахли)

Ајман Ашраф (Ал Ахли)

Махмуд Хамди (Замалек)

Мохамед Абдел Шафи (Ал Фатех)

Ахмед Хегази (Вест Бромвич Албион)

Али Габр (Замалек)

Ахмед Елмохамади (Астон Вила)

Омар Габер (Лос Анџелес ФЦ)

Среден ред

Тарек Хамед (Замалек)

Шикабала (Замалек)

Абдала Саид (Ал Ахли)

Сам Морси (Виган)

Мохамед Елнени (Арсенал)

Махмуд Кахраба (Ал Итихад)

Рамадан Собхи (Стоук)

Махмуд Хасан (Касимпаша)

Амр Варда (Атромитос Атина)

Напад

Марван Мохсен (Ал Ахли)

Мохамед Салах (Ливерпул)

Селектор: Ектор Купер

МЕЧЕВИ НА СП 2018

Египет – Уругвај (15 јуни, 14 ч.)

Русија – Египет (19 јуни, 20 ч.)

Саудиска Арабија – Египет (25 јуни, 16 ч.)

Резултати во подготвителниот период

Белгија – Египет (8 јуни)

Египет – Колумбија 0:0

Кувајт – Египет 1:1

Египет – Грција 0:1

Португалија – Египет 2:1

Лична карта на Египет

ФИФА ранг листа: 46 место

Прекар: Фараони

Настапи на СП: 2

Најдобар пласман: групна фаза во 1934 година и во 1990 година

Настапи на африкански Куп на нации: 23

Најдобар пласман: шампиони во 1957 година, во 1959 година, во 1986 година, во 1998 година, во 2006 година, во 2008 година, во 2010 година

Најдобар стрелец: Хосам Хасан – 70 гола

Најмногу настапи: Ахмед Хасан – 184 меча

Прв меѓународен меч: Италија – Египет 2:1 во 1920 година

Најубедлива победа: Египет – Лаос 15:0

Најубедлив пораз: Италија – Египет 11:3

Египет Русија СП 2018 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.