Трикратниот првак на Азија од минатото беше првата репрезентација на континентот што се радуваше на пласман на Светското првенство во Русија. До петтиот мундијалски билет во својата историја, „персиските ѕвезди“ стигнаа без примен гол во 12 квалификациски меча. На СП 2014 во Бразил не успеаја да ја минат групата како што беше случај и на сите претходни турнири (на СП 1978, СП 1998 и на СП 2006). Малку веројатно е дека ќе бидат дел од нокаут фазата и ова лето со оглед дека за ривали, покрај Мароко, ги имаат Португалија и Шпанија. Единствениот триумф на завршниците го запишаа против САД (2:1) пред две децении во Франција.
На клупата го имаат Португалецот Карлос Квеирош, поранешен асистент на сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед. Неговото досие опфаќа и клупски ангажмани во Нагоја Грампус, во Спортинг Лисабон, во Реал Мадрид и селекторски во Обединетите Арапски Емирати и Јужна Африка. Но, прашање е колку може да направи позабележителен успех со Иранците на СП иако своето богатото знаење и искуство што го акумулира низ годините несебично го пренесува во Техеран од 2011 година.
„Тие се борат за нивните животи, тие се борат за историја, тие се борат за сопствената репутација“, ќе реќе Квеирош за 24 светска селекција која е најдоброрангирана од сите азиски на ФИФА ранг листата.
Сардар Азмун (22). Напаѓачот на АЗ Алкмар важи за најдобар азиски фудбалер на таа позиција по пензионирањето на неговиот сонародник Али Даеи. Го нарекуваат иранскиот Меси, одлично ги користи и левата и десната нога, солиден е во воздушните дуели, има 22 години и моментно е член на Рубин Казањ. Прв Иранец е во руската Премиерлига, носи дрес со број 69 со кој почнуваат регистарските таблички во неговиот роден град Гонбад-е-Кавус, голем навивач е на мадридски Реал и син е на познатиот ирански одбојкар Калил Азмун.
Конечен список на Иран за СП 2018
Голмани
Алиреза Беиранванд (Персеполис)
Рашид Азахери (Зоб Ахан)
Амир Абеџадех (Маритимо)
Одбрана
Рамин Резаејан (Остенде)
Мохамед Реза Ханзадех (Падидех)
Мортеза Пуралиганџи (Ал Саад)
Пејдажам Монтазери (Естеглал)
Милад Мохамади (Ахмат Грозни)
Розбех Чешми (Естеглал)
Сеад Маед Хосаини (Естеглал)
Среден ред
Саид Езатолахи (Амкар Перм)
Масуд Шоџаи (АЕК Атина)
Саман Годос (Естерсундс)
Махди Тораби (Саипа)
Ашкан Деџага (Нотингем Форест)
Омед Ебрахими (Естеглал)
Ехсан Хајсафи (Олимпијакос)
Вахид Амири (Персеполис)
Напад
Алиреза Јаханбакш (АЗ Алкмар)
Карим Ансарифард (Олимпијакос)
Махди Тареми (Ал Гарафа)
Сардар Азмун (Рубин Казањ)
Реза Гочанеихад (Херенвен)
Селектор: Карлос Квеирош
МЕЧЕВИ НА СП 2018
Мароко – Иран (15 јуни, 17 ч.)
Иран – Шпанија (20 јуни, 20 ч.)
Иран – Португалија (25 јуни, 20 ч.)
Резултати во подготвителниот период
Иран – Литванија 1:0
Турција – Иран 2:1
Иран – Узбекистан 1:0
Иран – Алжир 2:1
Тунис – Иран 1:0
Иран – Сиера Леоне 4:0
Венецуела – Иран 0:1
Лична карта на Иран
ФИФА ранг листа: 37 место
Прекар: Персиски ѕвезди
Настапи на СП: 4
Најдобар пласман: групна фаза во 1978 година, во 1998 година, во 2006 година и во 2014 година
Настапи на Азиски куп: 14
Најдобар пласман: шампиони во 1968 година, во 1972 година и во 1976 година
Најдобар стрелец: Али Даеи – 109 гола
Најмногу настапи: Џавад Некоунам – 151 меч
Прв меѓународен меч: Авганистан – Иран 0:0 во 1941 година
Најубедлива победа: Иран – Гуам 19:0 во 2000 година
Најубедлив пораз: Турција – Иран 6:1 во 1950 година и Јужна Кореја – Иран 5:0 во 1958 година