Светското фудбалско првенство во Русија ќе биде петто во историјата на Мароко, но воедно и прво по пауза од две децении. Најголемиот успех го архивираа во Мексико во 1986 година кога играа осминафинале во што не успеаја и во Франција и покрај победата, ремито и поразот во групната фаза.
Она што во минатото беа Мустафа Хаџи и Нуредин Најбет, за репрезентацијата овојпат е Мехди Бенатија (30) кој високо котира кај италијанскиот шампион Јувентус. Партиите што дефанзивецот ги прикажа во Серија А беа препорака за челниците на „старата дама“ за целосно откупување на неговиот договор од Баерн Минхен.
Бенатија има 52 настапа за својата земја зад себе вклучувајќи ги и петте во кампањата за претстојниот мундијалски турнир. Со него во дефанзивната линија, Мароканците ниту еднаш не капитулираа, а притоа беше стрелец во решавачкиот триумф со 2:0 против „слоновите“ од африканскиот запад. Претставува играч од големо значење меѓутоа не и единствен силен адут на тимот што во квалификациите ја елиминира Брегот на Слоновата Коска.
Еден од најсилните сегменти во мароканската селекција е средниот ред. Го сочинуваат играчи од типот на Софјан Буфал од Саутемптон, Јунес Белханд од Галатасарај, Хаким Зијех од Ајакс и Амине Харит од Шалке 04 кои не се претерано познати, но имајќи ги предвид клубовите и средините во кои настапуваат, секако дека заслужуваат респект. Иако послаба страна им е одбрана и тактика, сепак, може да принудат секој противник да зажали ако ги потцени.
Само Ерик Герец не беше Мароканец меѓу последните 12 селектори во репрезентацијата. Од клупата во Русија ќе диригира Французинот Арви Ренар кој е како номад во тренерската кариера. Во два наврата ја водеше Замбија, по еднаш Брегот на Слоновата Коска и Ангола пред да се пронајде на северот на континентот каде е од 2016 година по отказот што во меѓувреме го доби во Лил.
Конечен список на Мароко за СП 2018
Голмани
Монир Ел Каџу (Нумансија)
Јасине Буну (Џирона)
Ахмед Реда Тагнаути (Итихад Тангер)
Одбрана
Мехди Бенатија (Јувентус)
Ромаин Саис (Вулверхемптон)
Мануел да Коста (Истанбул Башакшехир)
Бадр Бадун (Раџа Казабланка)
Набил Дирар (Фенербахче)
Ахраф Рахими (Реал Мадрид)
Хамза Мендил (Лил)
Среден ред
Мбарк Бусуфа (Ал Џазира)
Карим Ел Ахмади (Феенорд)
Јусеф Аит Бенасер (Каен)
Софјан Амрабат (Феенорд)
Јунес Белханда (Галатасарај)
Фајкал Фаџир (Хетафе)
Амин Харит (Шалке 04)
Напад
Калид Битаиб (Малатијаспор)
Азиз Бухадуж (Сент Паули)
Ајуб Ел Каби (Ренесанс Беркан)
Нордин Амрабат (Легањес)
Мехди Карсела (Стандард)
Хаким Зијех (Ајакс)
Селектор: Арви Ренар
МЕЧЕВИ НА СП 2018
Мароко – Иран (15 јуни, 17 ч.)
Португалија – Мароко (20 јуни, 14 ч.)
Шпанија – Мароко (25 јуни, 20 ч.)
Резултати во подготвителниот период
Естонија – Мароко 1:3
Мароко – Словачка 2:1
Мароко – Украина 0:0
Мароко – Узбекистан 2:0
Србија – Мароко 1:2
Јужна Кореја – Мароко 1:3
Мароко – Холандија 1:2
Мароко – Тунис 1:0
Мароко – Буркина Фасо 2:0
Лична карта на Мароко
ФИФА ранг листа: 41 место
Прекар: Лавови од Атлас
Настапи на СП: 4
Најдобар пласман: осминафинале во 1986 година
Настапи на африкански Куп на нации: 16
Најдобар пласман: шампиони во 1976 година
Најдобар стрелец: Ахмед Фарас – 42 гола
Најмногу настапи: Абделмаџид Долми – 142 меча
Прв меѓународен меч: Мароко – Ирак 3:3 во 1957 година
Најубедлива победа: Мароко – Саудиска Арабија 13:1 во 1961 година
Најубедлив пораз: Унгарија – Мароко 6:0 во 1964 година