Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Профил на Португалија за СП2018: Европските прваци по светска круна

0
By Нова ТВ on June 12, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Португалците пристигнаа на Светското првенство во Русија како актуелни европски прваци. Првата континентална круна ја освоија пред две години во Франција и покрај тоа што имаа само една победа во рамки на 90 минути низ целиот турнир. Но, таков исчекор на мундијалите никако да направат иако на секој, ако не меѓу топ фаворитите, се вбројуваат како фаворити од сенка што се кадарни за највисок дострел. Згора на тоа се неславни рекордери во една од многуте статистички категории за мундијалите. Против Холандија на СП 2006 во Германија добија девет жолти картони и два црвени што тешко некоја селекција може да ги надмине во иднина.

Претстојниот планетарен турнир ќе биде седми за нив. Највпечатливи досега беа во далечната 1966 година во која го освоија третото место, во 2006 година беа четврти, во 2010 година се соочија со елиминација во осминафиналето, а во 1986 година, во 2002 година и во 2014 година не успеаја во прескок на групната фаза. Овојпат, за разлика од ЕП 2016, ќе бидат посилни за фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Бернардо Силва, и за напаѓачот на Милан, Андре Силва со кои тимот ќе добие во длабочина што му недостасуваше во Франција.

Клучен играч? – Кој друг ако не Кристијано Роналдо, четирикратниот најдобар светски фудбалер, четирикратен освојувач на Лигата на шампиони со Реал Мадрид, рекордерот по бројот на настапи и голови во репрезентацијата на Португалија. Само во квалификациите за СП 2018 постигна 15 што го прават алфа и омега во тимот.

Португалија крај аут линијата го има Фернандо Сантош кој во Франција пред две години покажа зошто е важно да се има селектор со врвно педигре. Играчката кариера ја истера како лев бек, но и ја прекина на 21 годишна возраст, откако сфати дека од него нема да биде врвен фудбалер. Се насочи на образование, го загреа столчето и заврши студии за телекомуникациски инженер и цела декада работеше по струка.

Конечен список на Португалија за СП 2018

Голмани

Антони Лопез (Олимпик Лион)

Бето (Гезтепе)

Руи Патрисио (Спортинг Лисабон)

Одбрана

Бруно Алвеш (Глазгов Ренџерс)

Седрик Соареш (Саутемптон)

Хозе Фонте (Далијан)

Марио Руи (Наполи)

Пепе (Бешикташ)

Рафаел Гереро (Борусија Дортмунд)

Рикардо Переира (Порто)

Рубен Диаз (Бенфика)

Среден ред

Адриен Силва (Лестер)

Бруно Фернандеш (Спортинг Лисабон)

Жоао Марио (Вест Хем)

Жоао Мутињо (Монако)

Мануел Фернандеш (Локомотива Москва)

Вилијам Карвалјо (Спортинг Лисабон)

Напад

Андре Силва (Милан)

Бернардо Силва (Манчестер сити)

Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)

Желсон Мартинс (Спортинг Лисабон)

Гонзало Гуедеш (Валенсија)

Рикардо Кварежма (Бепикташ)

Селектор: Фернандо Сантош

МЕЧЕВИ НА СП 2018

Португалија – Шпанија (15 јуни, 20 ч.)

Португалија – Мароко (20 јуни, 14 ч.)

Иран – Португалија (25 јуни, 20 ч.)

Резултати во подготвителниот период

Португалија – Алжир 3:0

Белгија – Португалија 0:0

Португалија – Тунис 2:2

Португалија – Холандија 0:3

Португалија – Египет 2:1

Португалија – САД 1:1

Португалија – Саудиска Арабија 3:0

Португалија – Кипар 4:0

Лична карта на Португалија

ФИФА ранг листа: 4

Прекар: Селесао даш Кињаш или Навигатори

Настапи на СП: 6

Најдобар пласман: трето место во 1966 година

Настапи на ЕП: 7

Најдобар пласман: шампиони во 2016 година

Најдобар стрелец: Кристијано Роналдо – 81 гол

Најмногу настапи: Кристијано Роналдо – 150 меча

Прв меѓународен меч: Шпанија – Португалија 3:1 во 1921 година

Најубедлива победа: Португалија – Лихтенштајн 8:0 во 1994 година, Португалија – Лихтенштајн 8:0 во 1999 година, Португалија – Кувајт 8:0 во 2003 година

Најубедлив пораз: Португалија – Англија 0:10 во 1947 година

#Португалија Профил Русија СП 2018 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.