Во просториите на Бирото за метрологија денеска ќе биде промовирана лабораторијата за испитување на квалитетот на мазутот.

На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за економија Крешник Бектеши, директорката на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи и в.д. директорката на Државен пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.