Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција во КФСМ: Александар Тодоров нов селектор на машката кошаркарска репрезентација

0
By Нова ТВ on December 25, 2019 СПОРТ
Фото: kfsm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Александар Тодоров е нов селектор на македонската машка кошаркарска репрезентација. Наследникот на Јорданчо Давитков беше промовиран претпладнево во Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ), а негов асистент во стручниот штаб ќе биде Ѓорѓи Кочов, актуелен тренер на МЗТ Скопје Аеродром. Целта што е поставена пред нив се однесува на пласман на Европското првенство во 2021 година. Во тој контекст и најавеното подмладување на националниот тим во пресрет на продолжението на квалификациите.

„Имаме неколку млади играчи и во домашната сцена и во странските првенства кои се успешни во своите клубови и тие ќе добијат шанса. Но, сакам да нагласам дека подмладувањето не сакам да звучи како алиби, туку потреба да се даде шанса на тие деца кои за неколку години ќе бидат основниот костур на репрезентацијата“, истакна Тодоров.

Првиот собир во пресрет на февруарските средби со Естонија на домашен терен (20 февруари) и со Русија на гости (23 февруари) е закажан за 12 февруари, а селекторот Тодоров веќе добил потврда за присуство на 15-ина играчи од вкупно 24 колку што се наоѓаат на неговиот список. Договорот на Тодоров со КФСМ, во случај на пласман на ЕП 2021, е со важност до 2025 година.

„Ако гледаме од спортски, од копшаркарски аспект, нашата шанса е Естонија, ако, пак, гледаме неспортски, за ние да одиме директно на ЕП треба Русија да не добие право за настап. Но, знаејќи колку јас имам среќа, тоа нема да се случи што значи ќе мора преку натпревари да ја оствариме целта. Сепак не значи дека ќе биде доволно подобар биланс со Естонија во двата меѓусебни дуела, бидејќи можни се изненадувања и на средбите со другите два противника“, додаде Тодоров.

За Тодоров ова е прв селекторски ангажман во кариерата во која смени неколку клупски средини. Во домашната сцена ги водеше Акумина, МЗТ Скопје, Куманово, Вардар, ФОН Универзитет додека во странство беше тренер на Чукурова Јуниверзити (Турција), Рилски спортист (Бугарија), Балкан Ботевград (Бугарија), Динамо Букурешт (Романија), Пеќ (Косово), Левски Софија (Бугарија) и Крајова (Романија).

Александар Тодоров кошарка репрезентација селектор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.