Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Просечната плата во мај – 26.390 денари, највисоки во ИТ, финансии и фармација

0
By Нова ТВ on July 20, 2020 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 20, 2020 15:25

Просечната исплатена плата во мај годинава изнесува 26.390 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,4 отсто во однос на мај лани. Според објавените податоци, највисоките плати кои, исто така, бележат и најголемо зголемување се однесуваат на дејностите информации и комуникации. Исплатената просечна плата во мај во оваа дејност изнесувала 53.704 денари и забележала раст од 23,7 отсто.

Раст од 12,3 отсто е забележан и кај платите на вработените во образованието, каде просечната плата во мај изнесувала 27.196 денари. Во дејностите на здравствена и социјална заштита, пак, е забележан раст од 8,1 отсто и исплатената просечна плата по вработен изнесува 31.492 денари.

Во финансиската дејност, просечната плата во мај изнесувала 43.731 денар, во административни и помошни услужни дејности – 19.722 денари, во дејноста уметност, забава и рекреација – 20,698 денари, во трговијата – 23.898 денари.

Просечната плата во индустријата во мај изнесувала 29.112 денари, кај услугите – 29.065 денари, кај земјоделските дејности – 21.540 денари, рударство – 35.656 денари, преработувачка индустрија – 21.270 денари.

Просечна плата од 48,280 денари е исплатена во производството на фармацевтски производи, во градежништвото просекот бил 25.062 денари, во транспортот – 24.279 денари

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: информации и комуникации за 15,5 отсто, градежништво за 5,2 отсто и финансиски дејности и дејности на осигурување за 4,6 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај 2020 година, изнесува 39.398 денари.

Државен завод за статистика ИТ плати Сектори Фармација Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.