Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проширувањето на ЕУ тема на состанок на министрите од Западен Балкан

0
By Нова ТВ on March 16, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 16, 2018 14:39

Министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и македонскиот министер Никола Димитров, одржуваат состанок во Сараево посветен на Стратегијата на ЕУ за проширување со земјите Балканот и спроведувањето на заклучоците од самитот во Трст во 2017 година, составен дел од Берлинскиот процес.

На состанокот учествуваат и заменик премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, државниот министер за Европа и Америка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Сер Алан Данкан, генералниот директор во Европската комисија, Кристијан Даниелсон и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка(РСС), Горан Свилановиќ.

Поздравувајќи го состанокот, генералниот секретар на РСС Свилановиќ изјавил дека една од главните активности во овој период на Советот е учество во заедничките подготовки на Дигиталниот самит на шесте земји од регионот што треба да се одржи во Скопје на 18 и 19 април.

Подготовките на овој амбициозен самит се во поодмината фаза и на него ќе се разговара за бројни практични и стратешки прашања – од намалување на цените на роамингот, интеграција на Западен Балкан во бројни дигитални иницијативи на ЕУ, до реформите на јавните управи преку дигитализација, соопшти РСС.

Министерот Никола Димитров, како што е официјално соопштено претходно во Скопје, ќе учествува и на Министерската конференција за Фондот за Западен Балкан, каде ќе се разгледаат досегашните резултати од работата на оваа организација, како и нејзините идни активности.

За време на престојот во Сараево, МНР Димитров ќе земе учество и на конференцијата „Bergedorf Round Table“ која оваа година се организира на тема „Долгиот пат кон Европа: Западниот Балкан меѓу домашните предизвици и геополитиката“, а на која ќе учествуваат високи владини претставници и меѓународни експерти. 

Димитров ЕУ проширување Западен Балкан министри РСС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.