Во прогласот на матичниот синдикат стои:
Културни работници, уметници, колеги и поддржувачи на култарата.
Ве повикуваме на денот на отворањето на Мајските оперски вечери заедно да застанеме во одбрана на Колективниот договор за култура, темелот што ги штити нашите права, достоинство и сигурност.
Она што публиката го гледа на сцена, во музеј, библиотека или галерија не е случајност. Тоа е резултат на години труд, знаење, посветеност и љубов.
ЗАД СЕКОЈ АПЛАУЗ СТОИ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ, НО ЗАД ЗАВЕСАТА МОРА ДА СТОЈАТ ПРАВА!!
Денес, тие права се доведени во прашање, не смееме да молчиме.
Ве повикуваме на мирен ПРОТЕСТЕН СОБИР на Советот на СКРМ во проширен состав, на платото пред Националната опера и балет.
Мирно, достоинствено и јасно, преку нашето присуство да порачаме:
дека ќе се бориме за зачувување на Колективниот договор за култура,
дека бараме вреднување на трудот на уметниците и културните работници и
дека инсистираме на почитување на нашето достоинство и професија.
Локација: плато пред Национална опера и балет
Време: 19:15 часот
Датум: 09.05.2026
Културата не е трошок – таа е идентитет.
Правата не се привилегија – тие се основа.
Да ја одбраниме културата.
Да ги одбраниме правата.




