Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на здравствени работници пред Клинички центар и ГОБ 8 Септември во Скопје

0
By Ана Василевска on February 22, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здравствени работници претпладне во тек на паузата протестираа пред Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“ во Скопје, барајќи покачување на платите и усогласување со промените на минималната плата. Освен во Скопје истовремено протести се одржаа и во други градови низ државата.

„Согласно со европското законодавство, овој упад со нацрт законот за плати, во колективните договори, може да значи укинување или намалување, на правата работниците пропишани на согласно овие колективни договори. За година од првичното покачување на минималната плата и доближувањето на другите пониски профили кон профилот на медицински сестри, се направи збрка во коефициентите. Со најавата за ново зголемување на минималната плата во март, уште повеќе ќе ги доближи другите профили до профилот медицинска сестра“, изјави Гордана Димеска од Синдикатот на Клинички центар.

Еден искусен технички персонал со подолг стаж, укажа таа, ќе зема поголема плата од медицинска сестра. Да не бидам погрешно разбрана. Дефицитот не е само во здравствените работници туку и во другите профили.

Таа информираше дека е голем одливот на медицински сестри и како што рече,  пет до шест илјади ја напуштиле земјава последниве три до пет години.

Согласно податоците од Комората на лекари, како што беше нагласено на протестот пред Клиничкиот центар, 2 200 лекари во последните три години ја напуштиле државата. 

Русе Пецаноски од овој синдикат истакна дека протестот е израз на незадоволство поради тоа што за три години, платите биле покачени само пет проценти. Негодување, како што рече, имало и поради пензионирања на околу 180 врвни стручни лица кои немале право да продолжат со работа.

Пораки за зголемување на платите беа упатени и на протестот пред ГОБ „8 Септември”.

„Да го изразиме незадоволството поради доцнењето на платата, бидејќи доцнеше платата. Продолжуваме со притисокот, незадоволни што се уште не е потпишан анексот за покачување на платите во здравствената дејност. Тоа е основата на протестот, да го свртиме вниманието на надлежните“, информираше Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ.

Здравствени работници Клинички центар протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.