Стотина луѓе денеска се собраа пред зградата на Владата за да го искажат својот револт против Законот за употреба на јазиците што беше усвоен неделава.
Тие му порачаа на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, да не го потпишува указот, за, како што рекоа, да не се воведе „двојазичност во Македонија“. Меѓу пораките што ги испратија насобраните на протестот преку транспаренти, имаше и анти западни и анти НАТО.
Протестот потоа продолжи и пред Собранието.
Протести против усвојувањето на Законот за употреба на јазиците деновиве имаше и пред домовите на неколку пратеници од СДСМ во повеќе општини.
Вчера се протестираше во Прилеп, а денеска и во Битола.
Фото МИА