НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести по изборите во Белорусија: Солзавец и водени топови за демонстрантите

0
By Нова ТВ on August 10, 2020 ВЕСТИ
Фото: svaboda.org (RFE/RL)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Белоруските безбедносни сили се судрија со демонстрантите во Минск и во други градови, откако излезните анкети покажаа огромна предност за актуелниот претседател Александар Лукашенко на вчерашните претседателски избори во земјата. Главниот кандидат на опозиција одби да ги признае овие резултати. Белоруската државна телевизија објави дека според анкетата, Лукашенко имал 79,7 проценти од гласовите, а проценките се дека неговиот главен ривал Светлана Тихановскаја, којa привлече огромен број луѓе на митинзите низ целата земја, доби 6,8 проценти од гласовите.

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Минск, каде што имаше остри судири. Полицијата стрелала со гумени куршуми, водени топови и солзавец во неколку делови на Минск. Во сцените за насилство објавени на Твитер од независниот весник Tut.by, полициските службеници биле видени како ги тепаат демонстрантите. Луѓето можат да се слушнат како извикуваат „Ова е нашата земја”.

Групата за човекови права со седиште во Минск, „Вјасна“ (Пролет) соопшти дека 126 лица биле приведени во целата земја, вклучително и 55 во Минск. „Вјасна“, исто така, наведе дека двајца од приведените се повредени. Меѓу приведените имало 16 новинари и 40 набљудувачи, се вели во извештајот. Судири имало и во Брест.

Државната новинска агенција Белта денеска соопшти дека полицијата ја презела контролата врз ситуацијата. Тихановскаја на прес-конференција изјави дека не ги признава резултатите од излезната анкета.

„Верувам во очите и гледам дека мнозинството е кај нас“, рече таа од нејзиниот штаб.

Во текот на денот на изборите, полиција и војници го опколија Минск и зазедоа позиции на стратешките места во пресрет на немири. Јавниот транспорт беше ограничен и во Минск во очигледен обид на властите да спречат протести.

Александар Лукашенко Белорусија демонстранти избори полиција претседател Светлана Тихановскаја судири
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.