Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести ширум светот против Амазон

0
By НОВА ТВ Balaban on November 26, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
FOTO Printskrin
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 26, 2021 16:10

Групата блокираше магацини и во Германија и во Холандија.

Климатските активисти и синдикатите на „Црн петок“ протестираа низ Европа и светот пред магацините  на Амазон, компанија во сопственост на еден од најбогатите луѓе во светот, која честопати е критикувана за непочитување на работнички права и недоволно платените даноци.

Амазон, корпорација на Џеф Безос со седиште во Сиетл, беше критикувана од активисти за климата за, како што тврдат, прекумерната потрошувачка што и штети на животната средина.

Синдикатите, пак, ја обвинуваат компанијата, која се фокусира на е-трговија, за прениски плати, ужасни работни услови и задушување на работничките здруженија.

Амазон е вториот најголем работодавач во САД по Волмарт, со 1,3 милиони работници на кои Безос им се заблагодари во јули по неговото вселенско патување „бидејќи тие платија за сето тоа“.  Американската корпорација беше критикувана и од американскиот претседател Џо Бајден претходно оваа година, велејќи дека користела „различни дупки во законот за да избегне плаќање ниту цент за федерален данок на доход“, за разлика од средната класа, која плаќа 20 проценти.

– Црниот петок е олицетворение на опсесијата за прекумерна потрошувачка што не е во согласност со зачувувањето на планетата погодна за живот. Амазон и слични компании ја искористија нашата желба за удобност и ја поттикнаа дивата птрошувачка на сметка на природниот свет, соопшти  активистичката група Бунт против изумирање (Extinction Rebellion) откако го блокираа пристапот до 13 магацини  на Амазон во Велика Британија.

Групата блокираше магацини и во Германија и во Холандија.

Групата тврди дека Амазон испушта повеќе стакленички гасови од држави со средна големина. Сепак, сопственикот Безос зборуваше на климатската конференција КОП26 во Глазгов, наведувајќи  дека неговото патување во Вселената го променило неговиот поглед на светот. Безос вети две милијарди долари за зачувување на природата.

Синдикатите во најголемите европски економии ги повикаа работниците во магацините и возачите да штрајкуваат поради неправедно ниските плати во Амазон.

Во Германија, најголемиот пазар на корпорацијата по САД, синдикатот Верди објави дека 2.500 работници на Амазон стапиле во штрајк во Рајнберг, Кобленц и Грабен.

ЦГТ, еден од најголемите француски синдикати, исто така ги повика работниците на Амазон на штрајк, а тие се одржуваат во Италија, Индија, Камбоџа, САД и Турција.

Коалицијата Направете Амазон да плати (Make Amazon Pay), која ги обединува синдикатите во САД, Европа и Азија, нагласи дека бара „Амазон да ги плаќа своите работници праведно и да го почитува нивното право да се приклучуваат на синдикатите, да плаќаат фер износ на даноци и да се посвети на еколошката одржливост“.

Амазон протести против светот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

ВЕСТИ June 19, 2026

Израел и Хезболах постигнаа договор за примирје којшто стапи во сила денеска во 16 часот…

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.