Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести во Битола: ВМРО ДПМНЕ ја чува победата од ДИК

0
By Нова ТВ on December 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 14, 2016 18:10

Фото: Фокус

Членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ од неколку градови, на социјалните мрежи најавуваат протести, за како што велат „да ја чуваат победата на изборите од ДИК“. Стотина членови на ВМРО-ДПМНЕ во моментот се собрани пред партискиот штаб во центарот на Битола. Улицата пред хотелот „Епинал” е блокирана, а се зголемува и присуството на полицијата, објави Фокус.

Членовите на партијата не кажуваат зошто се собрани, но некои од нив коментираат дека се излезени за да ја „чуваат победата ”, од Државната изборна комисија.

Во исто време, членови на ВМРО ДПМНЕ на социјалните мрежи најавија дека во 16:30 часови ќе се соберат на протест пред ДИК. Но, протестот кој беше најавен од Велес, не успеа откако ДИК ја откажа седницата закажана за попладне. Таму во моментот има само неколку луѓе.

На социјалните мрежи, неколку јавни личности кои ја поддржуваат партијата ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа своите поддржувачи да се соберат пред зградата на ДИК во 16:30 часот. Тие упатија повик до нив да не дозволат одлука со која може да се променат резултатите во корист на оваа партија.

ДИК требаше да одржи седница на која ќе се дискутираат приговорите кои ги поднесоа дел од партиите кои обвинија на изборни нерегуларности. Седницата е презакажана за утре, но времето не е однапред најавено.

Протест од членови на ВМРО ДПМНЕ имаше пред ДИК и во моментот кога беа соопштувани првите прелиминарни резултати од изборите. Членовите кои протестираа го извикуваа името на нивната партија и ја реметеа прес конференцијата и работата на Државната изборна комисија.

 

ВМРО ДМПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ Дик протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
ФОКУС
March 16, 2026Updated:March 16, 2026

Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа

ВЕСТИ March 16, 2026

Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе…

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

March 16, 2026

Една година од несреќата во Кочани: „2 часот и 32 минути. Во ‘Пулс’. Во тој миг 63 млади срца престанаа да чукаат меѓу нас“

March 16, 2026

Генералниот секретар на ИТУЦ до Мицкоски: Загрижени сме за притисоците врз синдикатите

March 15, 2026
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.