Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести во Тирана: Молотови коктели фрлени врз владината зграда

0
By Нова ТВ on May 11, 2019 СВЕТ
Фото: АП
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Десетици илјади граѓани се приклучија на четвртиот протест на албанската опозиција  во главниот град Тирана. Демонстрантите бараат оставка на премиерот Еди Рама и да се одржат слободни и фер избори .

Демонстрантите се собраа пред канцеларијата на премиерот во 18,30 часот. Тие фрлаа петарди и молотови коктели кон владината зграда.

Лидерот на опозицијата, Лулзим Баша, го повика премиерот Рама да поднесе оставка и да го отвори патот за формирање на преодна влада која би организирала слободни и фер избори. Тој го обвини Рама за криминал и корупција, дека ја  киднапирал Албанија и го блокирал патот кон Европската унија.

Говорот на Баша беше прекинат од солзавец испукан по обидот на дел од демонстрантите да се доближат до вратите на зградата. Баша ги повика демонстрантите да се воздржат од судири со полицијата.

Премиерот Рама на социјалните медиуми напиша дека е многу тажен за она што опозицијата и го прави на државата. Тој додаде дека молотовите коктели не можат да и наштетат на Владата, но штетат на земјата.

Претседателот на Албаија Илир Мета ги повика и демонстрантите и полицијата да се воздржат од судири и насилни дејства.

Опозицијата го напушти парламентот во февруари и организира протести на кои бара оставка на Рама.

Тие ја обвинуваат владата за изборен фалсификат на изборите во 2017 година.

Албанија треба да одржи локални избори кон крајот на јуни, на кои  опозицијата одбива да учествува.

 

Албанија протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.