Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протестни маршеви против фашизмот одржани во четири хрватски градови, инцидент во Задар

0
By Zoran Ivanov on November 30, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 30, 2025 17:34

Во Загреб, Риека, Пула и Задар денеска се одржаа протестни маршеви во организација на иницијативата „Обединети против фашизмот“, со цел јавно спротивставување на екстремизмот, историскиот ревизионизам и говорот на омраза, пренесува Index.hr.

Како што објавија – во Загреб се собраа најмногу луѓе, неколку илјади, а околу илјада се собраа во Риека и Пула, додека неколку стотици се собраа во Задар

Во Задар настанот беше проследен со инцидент уште пред официјалниот почеток. Група млади лица, облечени во црно и со маски и извикувале националистички пароли и ја пееле песната „Зови, само зови“.

Според медиумските извештаи, во еден момент дошло до турканици меѓу групата и припадниците на интервентната полиција. Инцидентот ескалирал накратко, по што полицијата употребила надразнувачки спреј, со што судирот бил прекинат, а групата се разотишла.

Дел од учесниците во оваа група носеле транспаренти со натписи како „ХОС е наша гордост“, „Југославија е мртва“ и „1991 година Хрватска ја нападнаа антифашистите“ – пораки кои предизвикаа дополнителни реакции и осуди на социјалните мрежи.

Од организаторите на протестите порачаа дека маршевите се одржуваат со цел да се зачуваат антифашистичките вредности како темел на современа Европа и да се укаже на порастот на екстремистичка реторика и симболика во јавниот простор.

Од полицијата соопштија дека ја следеле состојбата во сите градови и дека ќе ги анализираат настаните во Задар, вклучително и транспарентите и извикувањата, со цел да се утврди дали постојат елементи за понатамошно постапување согласно законот.

 

протести фашизам Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.