Француските ракометарки, кои се актуелни европски и светски шампионки, со пораз ја почнаа одбраната на титулата на 24. мундијал чиј домаќин, од денеска до 16 декември, ќе биде Јапонија. За изненадување на првиот натпреварувачки ден на турнирот се погрижи азискиот првак, репрезентацијата на Јужна Кореја која негативата од еден гол на полувреме (12:13) ја претвори во голема победа на крајот со 29:27.
Десниот бек на корејскиот тим, Еун Хе Рју беше најефикасна на средбата со 12 гола од 17 упатени удари и заслужено ја понесе наградата за МВП на мечот.
Изненанадување приреди и Словенија со триумфот на бронзената селекција од последното СП, Холандија со 32:26 (полувреме 15:14). Тјаша Станко со 12 погодоци и Ана Грос со седум беа лидерки во победничкиот тим кој во второто коло ќе излезе на мегдан со Норвешка.
4Во групата А, и репрезентацијата на Србија славеше над Ангола со 32:25.
СП во ракомет (ж)
Група А, 1 коло
Норвешка – Куба 47:16
Србија – Ангола 32:25
Холандија – Словенија 26:32
Група Б, 1 коло
Данска – Австралија 37:12
Германија – Бразил 30:24
Франција – Јужна Кореја 27:29
Група Ц, 1 коло
Унгарија – Казахстан 39:15
Романија – Шпанија 16:31
Црна Гора – Сенегал 29:25
Група Д, 1 коло
Русија – Кина 26:11
Шведска – ДР Конго 26:16
Јапонија – Аргентина 24:20