Србија се радуваше на почетокот, Швајцарија на крајот од натпреварот во Калининград во рамки на второто коло во групата Е на Светското фудбалско првенство во Русија. Александар Митровиќ погоди во петтата минута за северниот сосед, Гранит Џака израмни на 1:1 во 52. минута, а трите бода за швајцарската репрезентација (1:2) ги обезбеди Џердан Шаќири по контрата во 90. минута.
https://www.youtube.com/watch?v=2r__blP-P_k
Во Е конкуренцијата, претходно, Бразил во судиското екстра време ја совлада Костарика со 2:0 за прва радост на шампионатот. Стрелци за „кариоките“ беа Кутињо во 90’+1’ минута и Нејмар во 90’+7’ и преземање на лидерската позицијата на табелата во пресрет на мечевите од последното, трето, коло во групната фаза.
Бразил на 27 јуни (20 ч.) на „Откритие арена“ во Москва ќе игра против Србија, а во истиот термин во Нижни Новгород ќе се соочат Швајцарија и Костарика.
Србија – Швајцарија 1:2 (1:0)
Стадион во Калининград. Гледачи: 33.167. Гл. судија: Феликс Брих. Асистенти: Марк Борш и Стефан Луп (сите тројца од Германија). Ж. картони: Милинковиќ-Савиќ, Миливоевиќ, Матиќ, Митровиќ (Србија); Шаќири (Швајцарија). Стрелци: Митровиќ 5’ за Србија; Џака 52’, Шаќири 90’ за Швајцарија.
Србија (формација 4-2-3-1): Стојковиќ – Коларов, Тошиќ, Миленковиќ, Ивановиќ – Миливоевиќ (Радоњиќ 81’), Матиќ – Костиќ (Љаиќ 64’), Милинковиќ-Савиќ, Тадиќ – Митровиќ. Селектор: Младен Крстаиќ.
Швајцарија (формација 4-2-3-1): Зомер – Родригез, Аканџи, Шар, Лихтштајнер – Бехрами, Џака – Зубер (Дрмиќ 90’+4’), Џемаили (Емболо 73’), Шаќири – Сеферовиќ (Гаврановиќ 46’). Селектор: Владимир Петковиќ.
СП во фудбал
Група А
Резултати, 2 коло
Уругвај – Саудиска Арабија 1:0
Русија – Египет 3:1
Табела: Русија 6, Уругвај 6, Египет 0, Саудиска Арабија 0.
Идно коло: Уругвај – Русија (25 јуни, 16 ч.), Саудиска Арабија – Египет (25 јуни, 16 ч.)
Група Б
Резултати, 2 коло
Иран – Шпанија 0:1
Португалија – Мароко 1:0
Табела: Шпанија 4, Португалија 4, Иран 3, Мароко 0.
Идно коло: Иран – Португалија (25 јуни, 20 ч.), Шпанија – Мароко (25 јуни, 20 ч.)
Група Ц
Резултати, 2 коло
Франција – Перу 1:0
Данска – Австралија 1:1
Табела: Франција 6, Данска 4, Австралија 1, Перу 0.
Идно коло: Австралија – Перу (26 јуни, 16 ч.), Данска – Франција (26 јуни, 16 ч.)
Група Д
Резултати, 2 коло
Нигерија – Исланд 2:0
Аргентина – Хрватска 0:3
Табела: Хрватска 6, Нигерија 3, Исланд 1, Аргентина 1.
Идно коло: Нигерија – Аргентина (26 јуни, 20 ч.), Исланд – Хрватска (26 јуни, 20 ч.)
Група Е
Резултати, 2 коло
Србија – Швајцарија 1:2
Бразил – Костарика 2:0
Табела: Бразил 4, Швајцарија 4, Србија 3, Костарика 0.
Идно коло: Србија – Бразил (27 јуни, 20 ч.), Швајцарија – Костарика (27 јуни, 20 ч.)