Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв случај на корона-вирус во државата: Пациентката цел месец била болна во Италија

0
By Нова ТВ on February 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 26, 2020 16:52

Македонија го регистрира првиот случај на корона-вирус во земјата. Станува збор за жена од Скопје на возраст од 50 години, која престојувала во Италија, а во државата влегла преку граничниот премин Табановце.  Патувала со комбе во кое имало и други патници, по кои сега здравствените власти трагаат за да ги идентификуваат и регистрираат. Од граничниот премин била преземeна со возило од членови на нејзиното семејство.

Пациентката се наоѓа на интензивна нега на Инфективна клиника, но слободно дише и е во изoлација. Таа цел месец била болна во Италија и ноќеска меѓу 02 и 03 часот директно од граница се упатила на Инфективна клиника. Ова го потврди министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференцијата попладнево во Влада.

„Жената е сместена во изолација на Клиниката за инфективни болести во Скопје и се третира соодветно на нејзината возраст и состојба. Еден месец била во Италија, а две недели била болна и третирана со антибиотици во италијанска установа. По враќањето во Скопје, веднаш се упатила на Клиниката за инфективни болести. Се прават проверки на сите лица кои биле со неа во комбето, ќе бидат идентификувани, соодветно третирани и ќе бидат ставени во двонеделен карантин“, изјави Филипче.

Екипа од Институтот за јавно здравје прават епидемиолошка анкета кај пациентката и деталите со кого се била во контакт и на кој начин е заразена ќе бидат соопштени на наредната прес-конференција што е најавена за 20 часот.

Министерот за здравство од говорницата во Владата нагласи дека нема простор за паника. Кон препораките се придружија и епидемиологот, доктор Жарко Караџовски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски кои упатија смирувачки тонови, потенцираа дека се постапува согласно препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

„Едно позитивно лице не претставува ризик за населението. Медицинските служби се 24/7 подготвени да дејствуваат и за само половина час можат да направат екипа. Граѓаните може да бидат мирни, зашто ништо се се прави по однапред одреден алгоритам“, напомена д-р Караџовски.

На прес конференцијата беше нагласено дека учениците кои биле Италија да не посетуваат настава, а до фирмите се упатува апел да не ги примаат на работа вработените кои престојувале во Италија или во некоја од ризичните зони.

„Институциите се подготвени да реагираат веднаш, работиме на идентификување лицата со кои била во контакт и прекинување на патотот на движење на вирусот. Апелирам граѓаните целосно да се придржуваат кон препораките на Министерството за здравство. Во овој момент е многу важно свеста кај сите да биде на високо ниво, посебно во однос на препораките, но и во однос на одговорното однесување“, рече Спасовски, укажувајќи да нема неодговорно однесување посебно на социјалните мрежи.

Спасовски нагласи дека се детектирани објекти кои би се користеле за изолација доколку ситуацијата ескалира. Засега рече, премиерот, одлуки ќе се носта на дневно ниво, во зависност од тоа како ќе се одвива ситуација.

Во однос на петтмината работници од Кина, беше кажано дека поминале 14 дневен надзор и се во изолација, прегледани и ја поминале епидемиолошката анкета. Тие се наоѓаат во селот Извор, кичевско.

Денеска на коронавирусот беа тестирани уште двајца пациенти кај кои резултатите беа негативни.

Претходно, денеска министерот Филипче рече дека  два случаи со коронавирус засега од регионов има во Хрватска, а беше потврден и првиот случај во Грција. Во Албанија коронавирус, како што рече Филипче, се уште нема, а од Косово  се чекаат информации.

Венко Филипче Корона-вирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.