Осумнаесет лица се приведени поради одбивање да ги почитуваат мерките, колку што ќе бидат и казнети, а 74 добија опомени во првата ноќ под полициски час во Македонија, велат извори од Владата.

Најмногу лица (шест) биле приведени во Кичево, пет во Тетово, по двајца во Гостивар, во Куманово и во Радовиш и едно во Штип.

Генералниот заклучок е дека ноќта минала мирно и со почитување на мерката која за првпат се воведува во Македонија по осамостојувањето. Донесена беше со одлука на Влада во насока на спречување на ширењето на коронавирусот во земјата кој досега однесе два човечки живота, а до вчера беа регистрирани 114 заболени.