Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва седница на новиот состав на Клубот на пратенички, Јована Тренчевска избрана за претседателка

0
By Marija Todorovska on January 10, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 10, 2025 15:25

Вкупно 47 пратенички кои добија мандат на ланските парламентарни избори се дел од новиот состав на Клубот на пратеничички, кој се конституира денеска – со едногласен избор на Јована Тренчевска за претседателка, по што, со консензус, беше изгласано и новото претседателство.

Во новиоизбраното Претседателство на Клубот на пратенички има претставнички од сите пратенички групи застапени во законодавниот дом, кои, во текот на конститутивната седница, ги реафирмираа заложбите за продолжување на натпартиската битка против сите форми на дискриминација и за унапредување на родовата еднаквост.

Од редовите на Претседателството, а на предлог на новоизбраната претседателка Тренчевска, беше избрана и заменик-претседателка на Клубот на пратенички. Таа позиција ја доби пратеничката Силвана Ангелевска.

Со првата седница на новиот состав на Клубот на пратенички, првично формиран во март 2003 година како неформална група во Собранието, претседаваше највозрасната пратеничка Мерита Колчи Коџаџику.

Пратеничките ги поздрави претседателот на Собранието Африм Гаши, кој, во своето обраќање, нагласи дека ниту едно општество не може да се нарече праведно и развиено ако не гарантира еднакви можности за жените и за мажите. Општество кое не обезбедува родова еднаквост, рече тој, не го искористило својот полн капацитет и потенцијал и како резултат на тоа, неговиот развој е ограничен.

„Сметам дека борбата за родова еднаквост не треба да се перцепира само како борба на жените, туку како заеднички предизвик на нашето општество. Мажите треба да бидат рамноправни партнери и исто толку активни како и жените во оваа борба, бидејќи верувам дека придобивките што ги носи рамноправното општество не ги уживаат само жените, туку и мажите. Затоа денес, со посебен акцент, сакам да ја нагласам потребата и неизбежната улога што мажите ја имаат во менувањето на менталитетите, остранувањето на стереотипите и поддршката на жените во професионалниот, социјалниот и политичкиот живот. Само со заеднички ангажман можеме да создадеме општество каде секој поединец, без разлика на полот, има еднакви можности и се почитува за неговиот/нејзиниот придонес“, рече претседателот Гаши.

Потпретседателката на Собранието Весна Бендевска им се заблагодари за придонесот на основачките на Клубот на пратеници пред 22 години, посочувајќи дека нивните напори вродија со плод. Донесени се, рече таа, клучни законски решенија за обезбедување и унапредувањена родовата еднаквост, но пред нас се уштеима многу работа.

„Посакувам овој форум да покаже и докаже дека е натпартиски. Мора да вложиме желба и напор заеднички да се бориме за родовата еднаквост и против сите видови и форми на каква било дискриминација, како и против говорот на омраза“, рече потпретседателката Бендевска.

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, во поздравното обраќање, истакна дека основањето на Клубот на пратенички беше пресвртница која го постави Собранието како лидер во промовирањето на родовата еднаквост, заштитата на женските права и надминувањето на стереотипите кои со години го ограничуваа учеството на жените во политиката.

„Овие заложби, поддржани со значајни законодавни и институционални реформи, создадоа услови за жените да го заземат своето место во сите сфери на општествениот живот. Клубот на пратенички претставува симбол на соработка и обединетост во законодавниот дом. Тој треба да ја претставува заедничката визија и да го отсликува потенцијалот на женското лидерство во креирањето на поинклузивни и поодржливи политики“, рече Димовска.

Таа нагласи дека активното учество на жените во носењето на одлуките е од суштинско значење за развојот на секоја демократска институција.

„Убедена сум дека токму овој состав на Клубот на пратенички ќе биде двигател на бројни иницијативи кои ќе ја унапредат состојбата на жените и ќе придонесат за создавање општество базирано на правда, инклузија и еднаквост. Клубот треба да претставува мост не само помеѓу различните политички опции, туку и помеѓу институциите и граѓаните“, потенцира Димовска.

Гаши Јована Тренчевска Клуб на пратенички седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.