Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Први мај со скара по дворови и балкони и владини мерки за намалување на отпуштање работници

0
By Нова ТВ on May 2, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скара во дворови и на тераси, месарите со полни раце работа, а граѓаните со маски на лицата се штитеа да не се заразат од ковид-19 кој оваа година му даде посебен белег на 1 мај, Меѓународниот Ден на трудот кој, покрај протестите за работничките права, народот е навикнат да го одбележува со прошетки во природа и дружење по излетнички места.

Мерката „полициски час“ што почна во 14 часот, го диктираше темпото на денот чии вообичаени активности беа поместени за неколку часа порано. Оние кои имаа можност, го искористија утрото за прошетка, додека пак другите по дворови распалија огнови на кои печеа првомајската скара, а чад можеше да се забележи и по терасите на зградите.

„Оваа година ја дигитализираме револуцијата со дигитален синдикален марш 2020. Се бориме за заедништво, еднаквост и солидарност“, се вели во честитката на ССМ.
Секое работно место е еднакво важно, па затоа во овие тешки моменти за работниците во нашата земја, силно стоиме во одбраната на работничките права, истакнаа од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на Македонија, по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.
Професорот по трудово право на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Андон Мајхошев изјави дека во изминатите 20 години македонските власти успеале да ги намалат работничките права вкупно 60 пати. Тој забележува дека кратењето на работничките права се одвива во контиунитет.

Вкупно 214 пријави се регистрирани во последниве шест месеци кои опфатиле повеќе 3.000 работнички и работници, над 461 работник останале без работа, а на 696 работници им била намалена платата или, пак, воопшто не им била исплатена. Ова го објави Хелсиншкиот комитет, кој по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 мај наведе неколку барања до Владата кои се однесуваат на заштита на работниците.

„Во овие исклучително непредвидливи и тешки времиња, останувањето без плата за најголем дел од работниците значи ризик за нивната гола егзистенција и затоа се потребни солидарноста и заедништвото“, порачаа од Хелсиншки.

Владата вчера, по повод денот на трудот, ја имени Уредбата за финансиска поддршка за плати преку која на работодавачите кои ќе користат финансиска поддршка за исплата на плати им наложува дека не смеат да го намалат бројот на вработени во април, како и два месеца по завршување на мерката, односно заклучно со јули.

Покрај ова, донесено е дополнување и на Уредбата за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба со кое се овозможува ретроактивно вработување на лицата на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април и соодветно нивно пријавување во системот на задолжително социјално осигурување.

Работодавачите кои ќе се согласат на ретроактивно вработување на лицата на кои им престанал работниот однос, тоа ќе можат да го направат до 7 мај и на тој начин да ги исполнат критериумите за стекнување со правото на користење на мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај.

ССМ веднаш излезе со соопштение во кое таквата владина одлука ја нарече првомајска победа. Социјалниот дијалог што го води ССМ со Владата и аргументираните барања даваат резултати, истакнува ССМ.

„Првомајска победа на ССМ. Стоп за можноста за отпуштање на работници. Ги враќаме назад отпуштените работници од почетокот на кризата“, пишува во соопштението од ССМ.

1 мај КСС Македонија Права работници ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.