Први мај во Србија ќе се одбележат шест месеци од падот на настрешницата во Нови Сад при кој животот го загубија 16 лица.
Во Нови Сад ќе се одржи прошетка откако претходно пред железничката станица каде се случи несреќата ќе има 16 минутен молк.
Понатаму прошетката ќе се движи долж Булеварот Ослободување до Мостот Слобода.
„Се собираме не само во знак на солидарност со сите кои живеат и работат во услови на неправда, несигурност и потценување на човековото достоинство, туку и во знак на сеќавање на трагедијата која длабоко го потресе нашиот град“, напишаа студентите во блокада од Нови Сад.
View this post on Instagram
Во Белград пак, ќе се одржи првомајски протест пред Владата. Своето присуство го потврдија петте најголеми синдикати во Србија.
Тие ги повикаа сите граѓани да им се придружат и со своето присуство да дадат поддршка како за работничките така и за студентските барања.
„Со заедничка акција сакаме да пратиме порака дека законодавството во Србија мора да се менува и законите кои се усвојуваат мора да бидат на страната на работниците и граѓаните во оваа држава“, велат во соопштението синдикатите во Србија.