Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првиот ден од пролетта ќе се одбележи со интерактивен настан во Градскиот парк во Скопје

0
By Marija Todorovska on March 21, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 21, 2024 09:27

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и УНИЦЕФ, поддржани од Шведска и други партнери, како и од Град Скопје, на 21 март, првиот ден од пролетта организираат интерактивен настан во Градскиот парк во Скопје за да ги прикажат иницијативите за климатска акција и образование за животната средина коишто се спроведуваат во земјата.

За време на настанот, околу 250 деца од целата земја ќе учествуваат на една од десетте интерактивни детски работилници од Мрежата за искуствено учење,  Биотехнолошката лабораторија на Град Скопје и програмата ГЛОУБ (GLOBE).

Над 60 млади иноватори и климатски активисти, пак, ќе ги промовираат своите локални иницијативи за климата и животната средина развиени преку програмите UPSHIFT и Младински иновациски кампови. Исто така, тие ќе се вклучат во младинските консултации на УНИЦЕФ за да ги идентификуваат приоритетните области што треба да бидат опфатени во стратегијата за климатски промени на УНИЦЕФ.

Предучилишни воспитувачи и наставници од целата земја ќе имаат можност да дознаат за воннаставните активности што ги нуди Мрежата за искуствено учење, како и за новите алатки за искуственото учење и образование за животната средина што може да ги воведат во образованието.

Globe Град Скопје климатски промени МЖСПП УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.